Close Menu
Press24
    Најново

    Нови цени на горивата од полноќ

    26.10.2026 во 09:20

    Падна македонски камионџија во Франција – во камионот имало 68 кг кокаин

    26.10.2026 во 15:30

    Коалиција менуваме: Додека Орце Ѓорѓиевски ужива во сендичот, Скопје за лицата со попреченост останува град останува со пречки

    25.10.2026 во 11:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Скопјанка пријавила шокантно откритие во подрумот на починатиот татко – пронајдени бомби и муниција
    • Полицијата приведе малолетник од Радовиш – ја претепал мајка си
    • Татко бегал од сопствениот син: Штипјанец го следел со автомобил и удрил во неговото возило
    • Страшна несреќа во Скопје: Почина жена откако во неа удри автомобил
    • (ФОТО) Голема инспекциска акција во Карпош: Изречени стотици глоби за комунален хаос и диви депонии
    • Мицкоски: Потпишана Националната програма за достоинствена работа 2026–2030, трудот и знаењето мора да се вреднуваат
    • 19-годишен скопјанец осомничен за вонбрачен живот со 16-годишна девојка – полицијата ги пронашла во Струга
    • Му исчезнале речиси 140.000 денари од сметката – тетовец останал во шок кога проверил колку пари има на сметка
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Министерството за здравство обезбеди сензори за гликемија за 800 лица со дијабетес тип 1

    Министерството за здравство обезбеди сензори за гликемија за 800 лица со дијабетес тип 1

    26.10.2026 во 15:132 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерството за здравство континуирано работи на унапредување на грижата за лицата со дијабетес, преку обезбедување современа терапија, медицински помагала и подобри услови за следење и контролирање на болеста.

    Со последната јавна набавка, сензори за следење гликемија се обезбедени за 800 лица со дијабетес тип 1, согласно Програмата за дијабетес и заклучоците на националната комисија за дијабетес. Јавната набавка, склучена во април, годинава, важи до април 2028 година. Со последната јавна набавка е обезбедена современа инсулинска и антидијабетична терапија со зголемени количини.

    Во тек на мај и јуни, годинава, е извршена и замена на сите трансмитери согласно протоколот, а на пациентите вклучени во Програмата им се распределени количини на сензори за шестмесечен период, односно до декември 2026 година. Пациентите ги подигнуваат сензорите во инсулинските аптеки, согласно утврдениот режим.

    Со сензори се опфатени лицата со дијабетес тип 1 до 25-годишна возраст, бремени жени со дијабетес тип 1, слепи лица со дијабетес тип 1, како и лица со дијабетес тип 1 кои имаат најтешки компликации и коморбидитети.

    На овој начин, согласно расположливите буџетски средства, приоритетно се опфатени најранливите категории пациенти за да се обезбеди континуирано следење на нивото на гликемија и подобро управување со болеста.

    Потсетуваме дека сензорите за континуирано следење на гликемијата првпат беа обезбедени во 2023 година за 650 пациенти, додека со јавната набавка во 2026 година бројот на опфатени лица е зголемен на 800.

    Министерството за здравство останува отворено за комуникација со пациентските организации и ќе продолжи со напорите за подобрување на грижата за лицата со дијабетес.

    Прочитај повеќе

    Скопјанка пријавила шокантно откритие во подрумот на починатиот татко – пронајдени бомби и муниција

    27.10.2026 во 13:29

    Полицијата приведе малолетник од Радовиш – ја претепал мајка си

    27.10.2026 во 13:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.