Close Menu
Press24
    Најново

    Нови цени на горивата од полноќ

    26.10.2026 во 09:20

    Коалиција менуваме: Додека Орце Ѓорѓиевски ужива во сендичот, Скопје за лицата со попреченост останува град останува со пречки

    25.10.2026 во 11:39

    Слаб одѕив во Македонија: Само 265 лица со бугарски пасош се пријавија да гласаат за денешните претседателски избори во Бугарија

    25.10.2026 во 11:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Анакиев: Ништо од ветените проекти на градоначалникот Митев, граѓаните сè уште чекаат решенија
    • Апсење во Охрид: Приведени тројца крадци, ги транспортирале украдените предмети со мопеди
    • Русија се огласи по поразот на Вучиќ на изборите: За танго се потребни двајца
    • Срдановиќ по победата на изборите: Ќе градиме поинаква Србија и подобри односи со соседите
    • Силен ветер низ Македонија: УХМР издаде метео аларм
    • Николоски: Македонија вложува од 5 до 6 милијарди евра во Коридорите 8 и 10
    • Загинаа татко, мајка и син – несреќа го потресе регионот
    • Голем скандал во Грција: Уапсени 59 лица при рација во познат синџир пекарници, штетата е 100 милиони евра
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Анакиев: Ништо од ветените проекти на градоначалникот Митев, граѓаните сè уште чекаат решенија

    Анакиев: Ништо од ветените проекти на градоначалникот Митев, граѓаните сè уште чекаат решенија

    26.10.2026 во 11:503 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на ОК Зрновци на ВМРО-ДПМНЕ, Виктор Анакиев, заедно со советничката група на партијата, излезе со критики за работата на градоначалникот на Општина Зрновци, Ванчо Митев, на неколку дена пред исполнувањето на една година од преземањето на неговата функција.

    Анакиев отвори прашања за реализацијата на изборните ветувања, со фокус врз квалитетот на водата за пиење и трошењето на општинските средства.

    „Дали градоначалникот ја прифати функцијата и ја доби довербата од граѓаните за како што вели онаа народната за „клати врата земај плата“. Еве безмалку една година од превземање на функцијата градоначалникот уште чекаме да објави истиот дали има нешто преземано во врска со подобрување на квалитетот на водата или само во последните два месеци добивме два негативни извештаи за забрана на вода за пиење од Центарот за јавно здравје и добивме само изготвување на договори и испумпување на општински и народни пари на неколку негови партиски активисти“, рече Анакиев.

    Тој се осврна и на состојбите во спортот, посочувајќи дека отсуствуваат ветените инфраструктурни проекти.

    „Исто сакаме да прашаме дали нешто има преземано и од неговата стручна компетентност во делот на спорт или добивме згаснат фудбалски клуб и запуштено фудбалско игралиште кое беше реновирано и вратено во функција во претходните неколку години како и намалување на бројот на турнири во мал фудбал од три на еден во годината, а камоли пак да разговараме за инфраструктурни проекти во делот на спортот кои што беа ветувани како што се комплекс за млади со ролер парк и алпинистички ѕид, алпинистички план“, истакна тој.

    Анакиев ги потенцираше и проектите за кои смета дека не бараат долг период за реализација, како и состојбите во културниот сектор.

    „До кога да чекаме да отпочне постапката за ветените проекти за кои не е потребно многу време за реализација како што се: оградување на кејот на река Зрновка, пешачка патека на кејот на река Зрновка, и стационар за кучиња. Иста е состојбата и во делот на културата од ветената „Културна револуција“ на о. Зрновци со голем број на концерти ветени и театарски настапи до сега добивме една голема нула“, додаде тој.

    На крајот, од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека граѓаните бараат брзи решенија за натрупаните проблеми.

    „За другите ветени инфраструктурни проекти нема ниту да прашуваме ниту да споменуваме бидејќи се далеку од фаза на започнување односно не се изготвени ниту идејни решенија. А се она што е изградено до сега е доведено до степен на уништување. Затоа сакаме да порачаме дека народот, граѓаните на општина Зрновци немаат време за трпение и чекање за решавање на проблемите, доколку се нема визија за развој и напредок на о. Зрновци подобро да си каже градоначалникот Митев дека нема капацитет за работење“, заклучи Анакиев.

    Прочитај повеќе

    Жерновски на Фејсбук: Ти кажавме дека дувна „Северец”, ти отиде и вториот тутор

    26.10.2026 во 10:08

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да објасни за автомобилот од 6.000 евра и пријавениот имот

    26.10.2026 во 09:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.