Андреј Жерновски се огласи на социјалната мрежа Фејсбук откако се случи политички пресврт во Србија, при што Студентската листа извојува победа на предвремените парламентарни избори во Србија, одржани во неделата, 25 октомври, а српскиот претседател Александар Вучиќ призна дека неговата политичка листа го загубила изборниот натпревар.
-Ти кажавме во април дека дувна “Северец”. Тогаш ти отиде едниот тутор, вечерва ти отиде вториот. Остана сам. Знаеш сега кој е на ред така?, напиша Жерновски во пост на Фејсбук.
И претходно, Андреј Жерновски од СДСМ ја објавил пораката „Дувна северец од плавиот Дунав“ на 13 април 2026 година, по изборниот пораз на Виктор Орбан во Унгарија.
Во објавата на Фејсбук, Жерновски директно го прозива Христијан Мицкоски, нарекувајќи го „Орбан џуниор“, и пишува дека политичките промени во Унгарија ќе имаат последици и во Македонија.
Меѓу другото, тој наведува дека северецот од Будимпешта ќе продолжи да дува низ регионот, со пораката: „Ќе дувне и во Србија. Ќе дувне и во Македонија.“
Инаку, според првичните процени, студентското движење би можело да освои меѓу 135 и 140 пратенички места во парламентот со вкупно 250 пратеници. Листата „Обединета Србија“, предводена од Вучиќ, се очекува да освои околу 105 мандати.
„Јасно е дека ги загубивме овие избори. Победи студентската листа“, изјави Вучиќ по затворањето на избирачките места, нагласувајќи дека станува збор за процени врз основа на првичен примерок и дека конечните резултати сè уште не се познати.
Излезноста на изборите беше висока, а според медиумските извештаи, доцна во изборниот ден достигнала околу 65 проценти. Изборниот процес беше проследен и со пријави за можни неправилности, притисоци врз гласачи и проблеми со тајноста на гласањето.

