Close Menu
Press24
    Најново

    Нови цени на горивата од полноќ

    26.10.2026 во 09:20

    Коалиција менуваме: Додека Орце Ѓорѓиевски ужива во сендичот, Скопје за лицата со попреченост останува град останува со пречки

    25.10.2026 во 11:39

    Слаб одѕив во Македонија: Само 265 лица со бугарски пасош се пријавија да гласаат за денешните претседателски избори во Бугарија

    25.10.2026 во 11:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Срдановиќ по победата на изборите: Ќе градиме поинаква Србија и подобри односи со соседите
    • Силен ветер низ Македонија: УХМР издаде метео аларм
    • Николоски: Македонија вложува од 5 до 6 милијарди евра во Коридорите 8 и 10
    • Загинаа татко, мајка и син – несреќа го потресе регионот
    • Голем скандал во Грција: Уапсени 59 лица при рација во познат синџир пекарници, штетата е 100 милиони евра
    • Тадиќ по изборниот пораз на СНС: Чекав 14 години ова да се случи
    • Ветер и дожд низ Македонија: УХМР ги измери температурите, ова е состојбата
    • Муцунски со честитки до Србија по изборите: Македонија останува посветена на добрососедските односи
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Срдановиќ по победата на изборите: Ќе градиме поинаква Србија и подобри односи со соседите

    Срдановиќ по победата на изборите: Ќе градиме поинаква Србија и подобри односи со соседите

    26.10.2026 во 11:192 Mins Read
    ФОТО: Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Изградба на поинаква Србија, подобрување на односите со соседните држави и зајакнување на регионалната соработка се меѓу клучните приоритети на Илија Срдановиќ, носител на листата „Студентите победуваат“, по освојувањето на мнозинството на предвремените парламентарни избори во Србија.

    Во интервју за црногорската телевизија „Вијести“, Срдановиќ изјави дека изборниот резултат не бил изненадување за нивното движење, бидејќи во текот на целата кампања имале директен контакт со граѓаните и ги вклучиле нивните барања во изборната програма.

    „Во текот на целиот предизборен процес, преку директни средби лице в лице, го чувствувавме пулсот на нацијата и бевме во контакт со нашите граѓани. Тие нè запознаа како поединци, а ние од нив дознавме што им недостасува. Тоа потоа беше вградено во платформата на студентското движење. И тие поверуваа во квалитетот на она што им го кажувавме. Знаевме – и постојано го тврдевме тоа – дека исходот ќе биде токму ваков“, изјави Срдановиќ.

    Тој посочи дека победата отвора нов период за управување со државата, со фокус врз добрососедските односи и зајакнување на соработката со регионот и меѓународната заедница, упатувајќи и критики кон претходната власт.

    „Ние ќе изградиме подобра Србија, за доброто на нашите граѓани и за подобрување на меѓудржавните односи. Ви благодарам на сите“, порача тој.

    Според конечните проекции на ЦеСИД и Ипсос, засновани на 96 проценти обработени податоци, листата „Студентите победуваат“ освои 140 од вкупно 250 пратенички мандати, со што обезбеди апсолутно мнозинство во Собранието. Листата „Обединета Србија“ предводена од Александар Вучиќ освои 103 пратенички места.

    Прочитај повеќе

    Загинаа татко, мајка и син – несреќа го потресе регионот

    26.10.2026 во 10:59

    Голем скандал во Грција: Уапсени 59 лица при рација во познат синџир пекарници, штетата е 100 милиони евра

    26.10.2026 во 10:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.