Тричлено семејство го загуби животот синоќа во грчкото пристаниште Пиреја, откако нивното возило паднало во морето.
Во несреќата загинаа 82-годишниот татко, 72-годишната мајка и нивниот 45-годишен син.
Според првичните информации, зад воланот на автомобилот бил 82-годишниот татко. Тој најверојатно ја изгубил контролата врз возилото поради неповолните временски услови и обилните врнежи од дожд.
Грчките власти ги утврдуваат сите околности под кои се случила несреќата.

