Четириесет и седумгодишен жител на гостиварското село Чајле е тешко повреден откако изгубил контрола над мопедот и паднал на регионалниот пат Гостивар – Чегране.
Сообраќајната несреќа се случила на 24 октомври, околу 16:20 часот, на влезот во селото Чајле. Повредениот бил пренесен во Ургентниот центар во Гостивар, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.
Полициска екипа извршила увид на местото на несреќата.

