Младата македонска претставничка Ана Стојаноска достојно ја претстави Македонија на 24. издание на Детската Евровизија, што се одржа во Центарот за саеми и конвенции во Та’Кали, Малта, соопштија медиумите.
На овогодишното натпреварување настапија претставници од 16 земји, а македонската претставничка се претстави со композицијата „Идната јас“. И покрај нејзиниот енергичен и забележителен настап на евровизиската сцена, гласањето не го донесе очекуваниот пласман. Ана освои 6 бода од националните жирија и 51 бод од онлајн гласањето на публиката, со што го заврши натпреварот на 16. место со вкупно 57 бода.
Победата на манифестацијата ѝ припадна на 13-годишната Наре Керобјан од Ерменија, која со песната „BOO!“ освои 202 бода и ја донесе третата евровизиска титула за својата земја.

