Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска најавуваат променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Претпладне по одделни котлини се очекува да има услови за појава на магла, додека ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималните дневни температури ќе се движат во интервал од 6 до 20 Целзиусови степени.
Во Скопје исто така ќе преовладува променливо облачно време, а претпладне ќе има услови за појава на слаба магла. Попладне во делови од скопската котлина се очекува повремен дожд, проследен со слаб југоисточен ветер. Температурата во главниот град ќе се движи од 10 до 17 Целзиусови степени.
Синоптичарите најавуваат дека во новата работна седмица ќе преовладува променливо облачно и претежно стабилно време. Ќе дува слаб до умерен ветер, а утре и во вторник наместа долж Повардарието се очекува повремено засилен северен ветер.

