Close Menu
Press24
    Најново

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43

    Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

    22.10.2026 во 20:57

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Нови контроли од УЈП: Започна проверка на приливите од странство за 2021 година, испратени предупредувања до граѓаните
    • Скок на енергетските пазари: Нафтата достигна највисока цена во последните пет месеци
    • Масовни протести во Франција – Затворени музеи и институции, распоредени 70.000 полицајци
    • Сообраќајка во Скопје: 75-годишен велосипедист тешко повреден во судир со мопед
    • 19-годишниот Македонец кај кого биле пронајдени фалсификувани 98.500 евра останува во притвор во Бугарија
    • Полициска акција низ Скопје: Уапсени седум скопјани и турски државјанин со марихуана, бела прашкаста материја и дигитална вага
    • Македонија на Јуниорскиот Евросонг: Гласајте за Ана Стојаноска
    • Постапка за измами на граѓани со „кубански вакцини“ – претреси на повеќе локации
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Нови контроли од УЈП: Започна проверка на приливите од странство за 2021 година, испратени предупредувања до граѓаните

    Нови контроли од УЈП: Започна проверка на приливите од странство за 2021 година, испратени предупредувања до граѓаните

    24.10.2026 во 14:043 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Управата за јавни приходи (УЈП) преку соопштение до медиумите информира дека во изминатиот период започнала со проверка на податоците добиени од банките за приливите од странство што граѓаните ги оствариле во текот на 2021 година.

    Во таа насока, УЈП доставила персонализирани известувања до физичките лица – резиденти на Република Северна Македонија за кои имала податоци дека оствариле доход од странство, повикувајќи ги во определениот рок да ги исполнат своите законски даночни обврски.

    Од Управата посочуваат дека во текот на годината во неколку наврати преку медиумите и јавните известувања ги повикувале граѓаните да ги исполнат даночните обврски за претходните години, при што биле дадени и соодветни насоки и појаснувања.

    Сега, како што наведуваат, на лицата за кои располагаат со податоци им се испратени персонализирани известувања со конкретен рок за постапување.

    Доколку даночните обврски не бидат исполнети доброволно, УЈП ќе преземе мерки во рамките на своите законски надлежности за утврдување на данокот.

    Од Управата појаснуваат дека не секој прилив од странство подлежи на оданочување во Македонија, па затоа не секој граѓанин што добил известување за остварен доход од странство има обврска да поднесе електронска пресметка на аконтацијата на данокот (е-ППД).

    Обврската за пријавување се однесува на физичките лица кои оствариле доход од странство што подлежи на оданочување согласно Законот за данокот на личен доход.

    Во оваа категорија спаѓаат приходите од работа, вклучително и плати, хонорари, интелектуални услуги и фриленс-активности, како и доходот од закуп, вклучително и оној остварен преку платформи како Airbnb и Booking.com.

    Обврската може да се однесува и на капиталните добивки од продажба на имот, криптовалути и хартии од вредност, доходот од капитал, како што се дивидендите и каматите, приходите од авторски права, добивките од игри на среќа, како и другите видови доход што подлежат на оданочување согласно законските прописи.

    Од друга страна, приливите од странство примени по основ на подарок, семејна поддршка, позајмица или преку сервиси за трансфер на пари, како што се Western Union, Ria и MoneyGram, не се сметаат автоматски за оданочив доход само затоа што се добиени од странство.

    Даночниот третман зависи од вистинската основа на приливот и од тоа дали станува збор за доход што подлежи на оданочување според законските одредби.

    Поради тоа, кога е потребно, физичките лица треба да располагаат со соодветни докази со кои ќе ја потврдат основата на примените средства.

    УЈП апелира до сите физички лица кои примиле приливи од странство да ја проверат својата даночна обврска и, доколку постои таква обврска, навремено да поднесат електронска пресметка на аконтацијата на данокот (е-ППД) и да го уплатат утврдениот износ.

    На овој начин, граѓаните ќе ги почитуваат законските прописи и ќе ја избегнат можноста за поведување евентуални прекршочни или даночни постапки.

    Прочитај повеќе

    Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот правиме корекции согласно реалните економски услови- нашата цел е Буџетот да остане одржлив и развоен

    22.10.2026 во 20:31

    Просечната нето-плата во август 48.733 денари

    22.10.2026 во 20:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.