Close Menu
Press24
    Најново

    Кој е газдата што го плаќа ова: Скопјанец земал по 190.000 евра плата месечно

    21.10.2026 во 11:38

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Утре ќе нема струја до 14 часот – Најавени исклучувања во повеќе општини

    20.10.2026 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Герасимовски: Ангажирани 24 лични асистенти во училиштата во Центар, платата покачена од 15.000 на 18.000 денари
    • Потоп па стабилизација – УХМР соопшти какво време нè очекува за продолжениот викендот
    • Наумоски: Колку „странски работници“ договориле Мицкоски и Николовски?
    • Манасиевски: СДС со Филипче дојде до стадиум да се радуваат на резултатот дека се четврта партија на избори
    • Вработените ќе добијат најмалку 740 евра до 18 декември – воведен задолжителен божиќен бонус во Словенија
    • Тренчевска: Следува нов ценовен удар, од Нова години повисоки сметки за струја и парно
    • Специјалците од „Тигар“ меѓу најдобрите на меѓународен натпревар – Добија и признание за фер-плеј
    • Мицкоски од Црна Гора: Македонија одамна заслужи да биде дел од ЕУ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Герасимовски: Ангажирани 24 лични асистенти во училиштата во Центар, платата покачена од 15.000 на 18.000 денари

    Герасимовски: Ангажирани 24 лични асистенти во училиштата во Центар, платата покачена од 15.000 на 18.000 денари

    22.10.2026 во 12:252 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Општина Центар ангажира 24 лични асистенти за ученици со посебни образовни потреби во рамки на проектот „Образование за сите“. Од оваа година, месечниот надоместок за нивниот ангажман  се зголемува од 15.000 на 18.000 денари.

    Личните асистенти работат 20 часа неделно и им помагаат на учениците полесно да се приспособат на училишната средина и да учествуваат во образовниот процес.

    Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, посочи дека инклузивното образование не смее да остане само на декларативни заложби, туку мора да се поткрепи со конкретна поддршка за децата на кои им е потребна. Тој нагласи дека, додека Министерството за образование се соочува со проблемот со недостигот од образовни асистенти, Центар продолжува самостојно, од сопствен буџет да вложува средства и обезбедува поддршка за учениците.

    „Не е доволно власта да зборува за инклузивно образование ако на терен сè уште има недостиг од стручни лица во оваа област  Поддршката мора да биде реална, достапна и континуирана. Ние сме единствена општина  што самостојно, од сопствениот буџет, го спроведува проектот „Образование за сите“. Не чекаме проблемите да се решат сами, туку преземаме конкретни чекори за учениците да ја добијат потребната поддршка. Годинава го зголемуваме и надоместокот за личните асистенти затоа што го цениме нивниот ангажман и значењето што го имаат за децата, родителите и наставниците“, порача Герасимовски.

    Прочитај повеќе

    ГАЛЕРИЈА: Почна реконструкцијата на две клучни улици во Бутел – Ѓорѓиевски вели „зборот е збор”

    22.10.2026 во 11:17

    Важно известување од „Водовод“: Шалтерите утре нема да работат

    22.10.2026 во 10:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.