Денеска времето ќе биде променливо облачно, со повремени локални врнежи од дожд, особено во попладневните часови и во текот на ноќта. На места се очекуваат поројни врнежи проследени со грмежи, а по одделни котлини ќе има услови за утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се движи од 8 до 13 степени, додека максималната ќе достигне од 19 до 24 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи од дожд во попладневните часови и во текот на ноќта. Во делови од котлината се очекуваат поројни врнежи проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 22 степени.
Според прогнозата на УХМР, утре, во петок, во утринските часови ќе има повремен локален дожд, а во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Во сабота времето ќе биде стабилно, додека од недела и во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и посвежо време, со повремени локални врнежи од дожд.

