Close Menu
Press24
    Најново

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Кој е газдата што го плаќа ова: Скопјанец земал по 190.000 евра плата месечно

    21.10.2026 во 11:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Потврден случај на ебола во главниот град на Нигерија
    • Средба Шасивари – Малукос: Силна поддршка од Атина за европската интеграција и реформите во правосудството
    • Владини веб-страници исклучени поради критични безбедносни пропусти: Итна реакција низ Европа
    • Младинските политики остануваат само на хартија: Општините не го почитуваат законот
    • Скопје: Се судрија автобус и автомобил
    • Ангелов: Регионалната соработка и подготвеноста се клучни за ефикасен одговор при катастрофи
    • 32-годишна жена натепана од вонбрачниот сопруг и золвата 
    • Планирале да нападнат за денот на изборите: 5 лица паднаа в рацете на полицијата во Белград
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Потврден случај на ебола во главниот град на Нигерија

    Потврден случај на ебола во главниот град на Нигерија

    21.10.2026 во 19:191 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Нигериската влада вчера соопшти дека во главниот град Абуџа е регистриран случај на ебола, откако лабораториските тестови потврдиле инфекција со вирусот.

    Министерот за здравство, Мухамед Али Пате, за националната телевизија изјави дека пациентката допатувала од Уганда, во Источна Африка.

    Угандското Министерство за здравство доцна вчера соопшти дека пациентката службено патувала во источниот дел на Демократска Република Конго и дека на почетокот на октомври поминала низ Уганда без симптоми, пред тие да се појават по нејзиното пристигнување во Нигерија.

    Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго беше прогласена во средината на мај и оттогаш прерасна во втората најголема епидемија во светот досега, предизвикана од реткиот сој Бундибуџо.

    Кенија овој месец пријави девет случаи на ебола, сите поврзани со лице кое патувало од Конго.

    Водечката африканска агенција за јавно здравје почна да мобилизира поддршка за Нигерија, изјави нејзиниот директор Жан Касеја.

    „Оваа епидемија на ебола предизвикана од сојот Бундибуџо веќе стана географски најраспространета во историјата, зафаќајќи земји во три африкански региони“, напиша Касеја на социјалната мрежа „Икс“.

    Прочитај повеќе

    Планирале да нападнат за денот на изборите: 5 лица паднаа в рацете на полицијата во Белград

    21.10.2026 во 17:36

    Драма на лет за Дизелдорф: Патници се разболеа во авион

    21.10.2026 во 16:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.