Close Menu
Press24
    Најново

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ангелов: Регионалната соработка и подготвеноста се клучни за ефикасен одговор при катастрофи
    • 32-годишна жена натепана од вонбрачниот сопруг и золвата 
    • Планирале да нападнат за денот на изборите: 5 лица паднаа в рацете на полицијата во Белград
    • Започнува зимското сметање на времето: Во сабота кон недела ги поместуваме стрелките еден час назад
    • Судење за „Пулс“: Вештакот тврди дека немало реконструкција, Обвинителството ја оспорува стручноста
    • 30-годишник од Скопје пренесен во болница, бил претепан со тврд предмет
    • Ѓорѓиевски: Го враќаме спомен-обележјето, го чуваме споменот на едно одземено детство
    • „Сопругот и золвата ме натепаа“: 32-годишна скопјанка се јавила во полиција
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ангелов: Регионалната соработка и подготвеноста се клучни за ефикасен одговор при катастрофи

    Ангелов: Регионалната соработка и подготвеноста се клучни за ефикасен одговор при катастрофи

    21.10.2026 во 18:132 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Зајакнувањето на капацитетите за справување со земјотреси и здравствени кризи, како и унапредувањето на регионалната соработка, се клучни за побрз и поефикасен одговор при катастрофи и за поголема безбедност на граѓаните, порача директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, на настан посветен на реализацијата на проектот „ИПА КЕАР“ (IPA CARE).

    Како што соопштија од ДЗС, Ангелов во своето обраќање ја нагласил важноста од опремувањето на тимот за пребарување и спасување од урнатини (USAR), што ќе овозможи поефикасно спасување човечки животи и поголема безбедност на спасувачите при интервенции.

    Тој посочил дека преку проектот се унапредуваат меѓуинституционалната соработка, размената на искуства и усогласувањето на оперативните постапки меѓу партнерските служби за заштита и спасување од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Србија и Турција, како и со партнери од регионот и Европа.

    На настанот посебен акцент бил ставен на претстојната теренска вежба, преку која ќе се тестираат подготвеноста, координацијата и соработката меѓу надлежните институции.

    Ангелов упатил благодарност до тим-лидерот на проектот, Петер Глерум, како и до сите партнери и учесници за нивниот придонес во реализацијата на проектот „ИПА КЕАР“.

    Според ДЗС, заедничката подготвеност, координацијата и размената на искуства претставуваат основа за поефикасно справување со катастрофи и зајакнување на отпорноста на институциите во регионот

    Прочитај повеќе

    32-годишна жена натепана од вонбрачниот сопруг и золвата 

    21.10.2026 во 17:47

    Започнува зимското сметање на времето: Во сабота кон недела ги поместуваме стрелките еден час назад

    21.10.2026 во 17:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.