Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Страшна бура во Шпанија: Загинаа две жени, војската и специјалните служби се на терен поради катастрофалните поплави

    19.10.2026 во 11:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Православните верници се подготвуваат за еден од најголемите празници
    • Расте бројот на жртви од бурата што ја погоди Шпанија
    • Тажна вест: Почина поранешниот ракометар на Еурофарм Пелистер – Имаше само 40 години
    • Откази за професорите, студентите ќе останат без стипендии, сметка за скршен семафор ќе стигне на домашна адреса – Рама се налути
    • Мицкоски: Од денеска 100 нови возила за Брза Помош на располагање на граѓаните
    • Нови возила за почисто Скопје: „Комунална хигиена“ замени околу 500 контејнери
    • Лоши вести: Цената на нафтата драстично скокна
    • Трамп со нов предлог: Ново Мексико да стане „Нова Америка“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Православните верници се подготвуваат за еден од најголемите празници

    Православните верници се подготвуваат за еден од најголемите празници

    20.10.2026 во 10:261 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Православните верници следната недела на 27 октомври го празнуваат денот посветен на Преподобната мајка Параскева, во народот познат како Петковден, еден од најраспространетите и најпочитуваните празници кај македонскиот народ.

    Света Петка била од словенско потекло, родена во градот Епиват. По смртта на нејзините побожни родители, заминала во Јорданската пустина, каде што во пост и молитва го поминала најголемиот дел од животот. Се успокоила во 11-тиот век во родното место, а нејзините чудотворни мошти денес почиваат во градот Јаши, Романија.

    Во православната традиција се одбележуваат три личности со истото име Параскева-Петка, поради што кај народот често се меша нивниот спомен. Покрај денешната Света Петка Епиватска (Трновска), црквата ги чествува и Света Петка Римјанка (26 јули/8 август) и Света Петка од Иконија (10 ноември/28 октомври).

    Кај нашиот народ Света Петка се смета за заштитничка од разни несреќи и болести, поради што е позната и како мајка Параскева. Во нејзина чест, голем број македонски семејства празникот го одбележуваат со домашни служби и чекање гости, а за нејзиното име се поврзани и многубројни лековити извори познати како Петочни води.

    Денеска именден празнуваат сите што ги носат имињата: Петко, Петкана, Параскева, Пенка и нивните изведени варијанти.

    Прочитај повеќе

    Дневен хороскоп: Како да ги избегнете конфликтите и каде да ја насочите енергијата

    20.10.2026 во 09:02

    Голема пресвртница во 2027 година за еден хороскопски знак – пристигнуваат подобри денови, пари и љубов

    19.10.2026 во 23:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.