„Од денес достапни за граѓаните. Почнува реализацијата на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила во македонското здравство”. Ова на Фејсбук и Инстаграм го објави премиерот Христијан Мицкоски и објави видео од амбулантните возила.
Видеото може да го погледнете ТУКА
Инаку, Мицкоски денеска ќе присуствува на промоцијата на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила, што ќе се одржи на паркингот пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“.
Од владината прес-служба информираат дека во рамки на настанот е предвидено премиерот да даде изјава за медиумите.

