Овенот го очекува една од најуспешните и најсреќните години во 2027 година, по неколкугодишниот период на тешкотии, препреки и внатрешни борби.
Според астролошките анализи, транзитот на Сатурн низ Риби во периодот од март 2023 до февруари 2026 година донесе период на емоционален товар, скриени грижи и завршување на стари животни циклуси, каде што многу претставници на овој знак даваа повеќе отколку што добиваа.
Промената на енергијата започнува со влегувањето на Јупитер во Лав, кој во првата половина од годината носи хармонија, поголема самодоверба, нови деловни можности и подобрување на љубовниот статус.
На финансиски план, 2027 година носи значајно стабилизирање. Овните се очекува похрабро да ја побараат соодветната вредност за својот труд, а дополнителните проекти или хонорарни работи можат да се претворат во стабилен извор на приход. Дополнително, се отвораат можности за решавање на долгорочни финансиски обврски.
На љубовен план, за оние кои се во врска следува подобрување на комуникацијата и решавање на недоразбирањата преку искрени разговори, додека слободните Овни ги очекуваат нови познанства кои носат чувство на сигурност и мир.

