Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Страшна бура во Шпанија: Загинаа две жени, војската и специјалните служби се на терен поради катастрофалните поплави

    19.10.2026 во 11:18

    Снег паѓа во Грција, се е замрзнато како среде зима

    17.10.2026 во 14:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Дрон удри во детски парк во Харков – меѓу загинатите се едногодишно бебе и нејзината мајка
    • Времето вечерва: УХМР ги објави температурите во 20 часот
    • Николоски: Со изградбата на коридорите 8 и 10 се гарантира опстојот и безбедноста на Македонија
    • Откриена нелегална фабрика за цигари, 34 работници биле држени во заложништво во Словенија
    • Апсења во повеќе градови во Македонија
    • Следната недела доаѓа голем празник
    • Најавен полициски час во Франција
    • Кочани: Татко се заканувал на својот син – тинејџер
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Дрон удри во детски парк во Харков – меѓу загинатите се едногодишно бебе и нејзината мајка

    Дрон удри во детски парк во Харков – меѓу загинатите се едногодишно бебе и нејзината мајка

    19.10.2026 во 21:092 Mins Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Шест лица, меѓу кои три деца, загинаа во руски напад со дрон врз парк во градот Нова Водолаха, во Харковскиот регион во североисточна Украина, објави регионалниот гувернер Олех Синехубов.

    Дронот го погодил централниот парк во момент кога таму имало голем број луѓе и семејства со деца, изјави украинскиот министер за внатрешни работи Иван Вигивски. Нападот се случил околу 16:30 часот по локално време, а според прелиминарните податоци на обвинителството, користен бил дрон од типот „Геран-3“.

    На социјалната мрежа „X“ се огласи и украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој ги објави деталите за загинатите и повредените.

    Ужасен руски напад во регионот Харков. „Маченикот“ директно удрил луѓе – во парк, до обично кафуле. Чист криминал. Шест лица биле убиени, вклучувајќи деца. Мало девојче, Ангелина, кое било во количка, било убиено во нападот. Имаше нешто повеќе од една година, родена е во август 2025 година. Нејзината мајка се викаше Ина. Починала во болница. Второто девојче кое загина имало 11 години. Изразувам сочувство до нивните семејства и најблиските. Уште 14 лица беа повредени, вклучувајќи шест деца – напиша Зеленски.

    Тој апелираше за засилување на воздушната одбрана и одржување на санкциите кон Русија.

    Ова се ужасни фотографии, но зад нив стојат уништени животи и вистината за оваа војна. Животите мора да бидат заштитени. На Украина ѝ е потребна воздушна одбрана. Човек не може да размислува за заработка со Русија сè додека таа продолжува со својата бесмислена војна. Бараме санкциите против Русија да останат на сила сè додека убивањето продолжува – истакна украинскиот претседател, повикувајќи ги САД и Европа на итна и силна поддршка.

    Украинскиот омбудсман за човекови права Дмитро Лубинец порача дека светот не смее да се навикне на убивањето деца и цивили, додека обвинителството започна предистражна постапка за воено злосторство.

    Прочитај повеќе

    Откриена нелегална фабрика за цигари, 34 работници биле држени во заложништво во Словенија

    19.10.2026 во 20:39

    Најавен полициски час во Франција

    19.10.2026 во 20:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.