Времето утре претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, велат од УХМР.
Во Скопје, сончево со слаб до умерен ветер од северен правец.
Од УХМР соопштија дкеа од среда попладне и во следните денови ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд. Во четврток врнежите ќе бидат поројни и пообилни проследени со повремени грмежи. До четврток по котлините ќе има услови за утринска магла и ниска облачност. Во петок ќе дува засилен северозападен ветер.

