Close Menu
Press24
    Најново

    Снег паѓа во Грција, се е замрзнато како среде зима

    17.10.2026 во 14:48

    Времето денеска покажува заби: Само 2 степени измерени во 14 часот

    17.10.2026 во 14:31

    Од полноќ не чека ново но мало поскапување на дизелот

    19.10.2026 во 10:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Инспекторите повторно ги тресат зелените пазари
    • Ловци спасија мечка во близина на Нежилово: Животното успешно ослободено по координација на надлежните служби
    • Трајков се сретна со полскиот амбасадор: Фокус на разговорите – реформската агенда
    • Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ ги објави резултатите од болните лица пред да се отворат кутиите, бараме одговорност
    • Ковачки: СДС, ДУИ и Левица заедно освоија помалку гласови од ВМРО-ДПМНЕ
    • Мицкоски: Убедливо победивме во Брвеница – ќе имаме уште 1.000 гласа плус во вториот круг
    • Трагедија во Грција: Глисер со мигранти се судри со крајбрежната стража, меѓу загинатите има и бебе
    • Мицкоски: Можно е да договориме 2 денари поевтин дизел
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Екс градоначалникот на Лозово му фрли ракавица на Филипче: Подготвен сум да ја преземам партијата

    Екс градоначалникот на Лозово му фрли ракавица на Филипче: Подготвен сум да ја преземам партијата

    19.10.2026 во 11:092 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Екс градоначалникот на малата општина Лозово на социјалните мрежи објави дека сака да ја преземе партијата на Бихаќка.

    „ До кога ќе молчиме? До кога ќе се правиме дека сè е во ред, додека луѓето што со години ја градеа оваа партија ја губат вербата, достоинството и надежта? До кога ќе гледаме како се распаѓа нешто за што генерации наши членови се бореа со срце, со идеали и со огромни лични жртви?

    СДСМ не е ничија приватна сопственост. СДСМ е идеја, историја, вредност и дом на илјадници луѓе кои верувале дека оваа партија може да донесе подобра иднина за Македонија.

    А денес, наместо надеж, меѓу многу наши членови има разочарување. Наместо единство — поделби. Наместо јасна визија — неизвесност. Наместо одговорност — премолчување.

    И за тоа мора да има одговорност!

    Ако и по сите порази, предупредувања и разочарувања не сме подготвени искрено да се погледнеме во очи и да признаеме дека нешто сериозно не функционира, тогаш проблемот е многу подлабок од еден изборен резултат.“ – пишува тој на социјалните мрежи.

    Во текстот кој доаѓа на еден ден по вонредните избори во Брвеница, Велковски вели дека е подготвен да ја поведе партијата кон како што вели, нови успеси

    „ Јас не сакам да бидам дел од распадот на СДСМ. Сакам да бидам дел од неговото повторно раѓање!

    И затоа денес отворено го кажувам она во што верувам: подготвен сум да преземам одговорност, да ја обединам партијата и да работам на создавање нова, силна и организирана социјалдемократска сила.

    Сакам и можам да ги спојам луѓето што се разочарани, оние што се чувствуваат отфрлени, оние што се повлекоа во тишина, но и оние што никогаш не престанаа да веруваат во идеалите на СДСМ.

    Не ветувам чуда. Ветувам работа, искреност, отчетност и борба за секој член, за секоја општинска организација и за секој граѓанин што очекува од нас да бидеме вистинска алтернатива.“ – пишува Велковски.

    За неговиот мандат како градоначалник на Лозово во архивата на медиумите може да се најде информација дека вработена го обвинувала за мобинг, како и вести дека на празнична лотарија организирана од општианта, главната награда, шпорет ја извлекла токму неговата ќерка.

    Прочитај повеќе

    Ковачки: СДС, ДУИ и Левица заедно освоија помалку гласови од ВМРО-ДПМНЕ

    19.10.2026 во 11:46

    Николоски со честитки за Радичевски: „Силно ВМРО-ДПМНЕ, силна Македонија”

    19.10.2026 во 11:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.