Close Menu
Press24
    Најново

    Снег паѓа во Грција, се е замрзнато како среде зима

    17.10.2026 во 14:48

    Серија апсења низ Македонија

    17.10.2026 во 13:54

    Времето денеска покажува заби: Само 2 степени измерени во 14 часот

    17.10.2026 во 14:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Полицијата тресе низ цела Македонија – извршени 47 претреси, приведени 16 лица
    • Голема полициска акција низ Македонија – приведени 25 возачи
    • Какво време не очекува утре и во текот на неделата – доаѓа пресврт
    • Двајца се обиделе да избегаат преку ГП Блаце, по што биле запрени, третиот избегал во Косово – ОЈО со детали за обидот за убиство во Скопје
    • Рација на МВР во 60 кафулиња, дискотеки и казина – апсења и затворени локали
    • 35-годишник со „бмв“ прегазил пешак во Липково
    • Тинејџерка од Куманово со „ауди“ излетала од пат, тешко повредена сопатничката
    • Семејно насилство во Скопје: 23-годишник ги нападнал маќеата и нејзината малолетна ќерка
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Полицијата тресе низ цела Македонија – извршени 47 претреси, приведени 16 лица

    Полицијата тресе низ цела Македонија – извршени 47 претреси, приведени 16 лица

    18.10.2026 во 15:501 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На 16/17.10.2026 година, Одделот за криминалистичка полиција, во координација со сите сектори за внатрешни работи и Единицата за службени кучиња, спроведе засилени мерки и активности на територијата на целата држава, насочени кон откривање и сузбивање на криминалот, особено недозволената трговија со дрога и нелегалното поседување оружје; соопшти МВР.

    Во рамки на акцијата беа извршени 47 претреси во домови и други помошни простории на повеќе локации низ државата.

    „При претресите беа пронајдени и одземени поголема количина марихуана, повеќе пакувања со кокаин, како и помали пакувања со кокаин подготвени за понатамошна продажба. Исто така, беа пронајдени и одземени огнено оружје – пиштоли и пушки, разновидна муниција, парични средства и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела.

    Во текот на акцијата од слобода се лишени 16 лица, а поднесени се 11 кривични пријави за кривичните дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик“, информираат од МВР.

    Министерството за внатрешни работи продолжува со интензивни активности за откривање и санкционирање на сите форми на криминал, со цел обезбедување побезбедна средина и поголема сигурност за сите граѓани.

    Прочитај повеќе

    Голема полициска акција низ Македонија – приведени 25 возачи

    18.10.2026 во 15:46

    Двајца се обиделе да избегаат преку ГП Блаце, по што биле запрени, третиот избегал во Косово – ОЈО со детали за обидот за убиство во Скопје

    18.10.2026 во 15:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.