Времето утре сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, соопшти УХМР.

Од УХМР соопштија дека до средината на следната седмица времето ќе биде сончево со мала локална облачност во текот на денот.
Во среда облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време, со краткотрајни сончеви периоди. Во четврток и петок времето ќе биде претежно облачно со локални врнежи од дожд.


