Close Menu
Press24
    Најново

    Одлични вести за возачите: Цената на нафтата падна

    15.10.2026 во 10:14

    Нова голема инвестиција во Македонија – Мицкоски најави 2.000 работни места

    15.10.2026 во 10:06

    „Убавата Ива избегала кај татко и криминалец во Бугарија” – Што пишуваат медиумите од регионот за Михаилова

    15.10.2026 во 09:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Хоџа изврши увид во Сарај: Се регулираат 12 километри од коритото на Сува Река
    • Јаневска на конгресот на СОНК: СОНК е еден од најважните економско-социјални партнери на Владата
    • Клековски: Лековите за мултиплекс склероза ќе се подигаат и во Штип, Охрид и ГОБ „8-ми Септември“
    • Приведени двајца скопјани: Полицијата им пронајде марихуана
    • Нападнати полицајци за време на должност во Гостивар: 47-годишен маж кривично ќе се гони
    • МВР поднесе пријава: Жителка на село Врањовце физички нападнала дете
    • Нова драма во членка на НАТО: Предупредувањето пристигнало рано утрово, армијата реагирала веднаш
    • Мицкоски најавува енергетски пресврт: Со двата нови гасоводни интерконектори драматично се зголемува геостратешкото значење на Македонија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Хоџа изврши увид во Сарај: Се регулираат 12 километри од коритото на Сува Река

    Хоџа изврши увид во Сарај: Се регулираат 12 километри од коритото на Сува Река

    16.10.2026 во 14:372 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска изврши увид во работите за регулација на коритото на Сува Река во Општина Сарај. Проектот опфаќа регулација на околу 12 километри од речниот тек, од патот за Бојане, преку Глумово, до вливот во реката Треска.

    За помалку од три месеци од почетокот на работите, реализирани се 20% од проектот, за кој Министерството обезбеди над 379 милиони денари. Со реализацијата на проектот  ќе се намали ризикот од поплави, да се заштитат домовите, имотите и обработливото земјиште и да се придонесе за почиста и побезбедна животна средина за жителите на овој регион.

    „Овој проект е важен затоа што одговара на долгогодишните потреби на граѓаните. Фактот дека за помалку од три месеци се реализирани 20% од проектот покажува дека работите напредуваат. Денеска сме на терен за да ја следиме реализацијата и да се увериме дека активностите продолжуваат согласно планираното. Нашата обврска не завршува со обезбедувањето средства и започнувањето на работите. Таа подразбира одговорно следење на секоја фаза, сè до завршувањето на проектот“, истакна министерот Хоџа.

    Тој нагласи дека соработката меѓу централната и локалната власт е важна за навремено спроведување на инфраструктурните проекти што директно влијаат врз квалитетот на живот на граѓаните.

    Регулацијата на Сува Река е дел од пошироките инвестиции во животната средина и комуналната инфраструктура, кои претставуваат темели на зелениот пресврт и создаваат услови за позаштитени населени места и одржлив развој на општините.

    Прочитај повеќе

    Јаневска на конгресот на СОНК: СОНК е еден од најважните економско-социјални партнери на Владата

    16.10.2026 во 14:32

    Клековски: Лековите за мултиплекс склероза ќе се подигаат и во Штип, Охрид и ГОБ „8-ми Септември“

    16.10.2026 во 14:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.