УХМР ги измери температурите ова претпладне во градовите низ Македонија. Според мерењата на синоптичарите, во 11 часот претпладнево најниска темература е измерена на Попова Шапка, 2 степени.
Следат Крушево со 6 степени и Берово со 7 степени, како најстудени градови пред 12 часот.
Од друга страна, УХМР измери 16 степени во Гевгелија со што како и секој ден, е најтоплото место. Иста температура во 11 часот е измерена и во Струмица.
Во Скопје УХМР измери 14 степени во 11 часот.
Денеска времето ќе биде променливо облачно, со повремени локални врнежи од дожд. На повисоките планини е можна појава на слаб снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе биде засилен.

Минималните температури ќе се движат од 1 до 10 степени, додека максималните ќе достигнат од 11 до 19 степени.
Во Скопје се очекува променливо облачно време со повремен дожд. Ќе дува умерен северен ветер, кој во одделни делови од котлината повремено ќе се засилува. Температурата наутро ќе се спушти до 6 степени, а во текот на денот ќе достигне до 16 степени.
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), за време на викендот и на почетокот на следната седмица ќе преовладува сончево и стабилно време, со повремена облачност во текот на денот.

