Close Menu
Press24
    Најново

    Одлични вести за возачите: Цената на нафтата падна

    15.10.2026 во 10:14

    Нова голема инвестиција во Македонија – Мицкоски најави 2.000 работни места

    15.10.2026 во 10:06

    „Убавата Ива избегала кај татко и криминалец во Бугарија” – Што пишуваат медиумите од регионот за Михаилова

    15.10.2026 во 09:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Гаши во Рим се сретна со холандскиот колега – разговарале за евроинтеграциите
    • Дневен хороскоп: Близнаците ќе откријат нешто што ќе им ги промени плановите, Рибите да не се враќаат на старите проблеми
    • Драматична ноќ во Скопје: Изгореа четири автомобили
    • СДСМ: Нови задолжувања наместо повисоки плати и пензии
    • ФОТО: „Летал“ со 188 на час на автопат – Македонската полиција го фатила со пресретнувач
    • „Прават ѕвезда од неа, Мицкоски ја нападна Бугарија за Ива Михаилова, ” – Што пишуваат бугарските медиуми
    • Николоски откри што се планира за железницата: Нова пруга и 9 воза во наредните години
    • Утрово мраз во делови од Македонија – УХМР ги измери температурите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Гаши во Рим се сретна со холандскиот колега – разговарале за евроинтеграциите

    Гаши во Рим се сретна со холандскиот колега – разговарале за евроинтеграциите

    16.10.2026 во 09:201 Min Read
    Собрание
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Собранието, Африм Гаши, во Рим се сретна со претседателот на Претставничкиот дом на Холандија, Том Ван Кампен, во рамки на конференцијата на претседатели на парламенти на земјите членки на Советот на Европа.

    На средбата Гаши ја истакнал поддршката што Холандија ја дава на земјава преку проекти насочени кон јакнење на демократијата и спроведување на реформите.

    Разговорот бил насочен и кон европската перспектива на Македонија. Ван Кампен споделил дека во претходниот парламентарен мандат бил известител во Комисијата за европски прашања за европските перспективи на земјите од Западен Балкан.

    Гаши, пак, ги презентирал актуелните состојби во евроинтегративниот процес и предизвиците што ги носи неговото одложување. Двајцата соговорници ја потврдиле важноста на членството во Европската Унија и потенцијалот на пристапните преговори да поттикнат значајни општествени промени. Планот за раст и Реформската агенда биле оценети како важни чекори за спроведување на реформите и приближување кон европските стандарди.

    На средбата било разговарано и за продлабочување на соработката меѓу двата парламента, преку директни контакти меѓу пратениците и размена на искуства меѓу парламентарните служби. Иако холандскиот парламент нема група за пријателство со Македонија, соговорниците изразиле подготвеност за унапредување на односите, вклучително и преку посети на високо ниво.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Драматична ноќ во Скопје: Изгореа четири автомобили

    16.10.2026 во 08:58

    СДСМ: Нови задолжувања наместо повисоки плати и пензии

    16.10.2026 во 08:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.