ВМРО-ДПМНЕ најостро реагира на нечовечките и надвор од здравиот разум навреди на Венко Филипче, упатени кон трагично и ненадејно починатиот градоначалник на Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Јовица Илиевски.
Згрозени сме од квалификациите кои ги дава Венко Филипче, ставајќи го во контекст на криминал и незаконско работење.
Ваквото однесување покажува дека Венко Филипче е во специфична состојба и ги поминува сите граници.
Нема да се спуштаме на негово ниво и да ја употребуваме неговата реторика, иако би имале многу да кажеме. Но, она што и Венко најмалку го должи спрема Брвеница и семејството на градоначалникот е да ги почитува ликот и делото на Јовица Илиевски, кој важеше за мирен, семеен и исклучително чесен човек, кој двапати по ред ја добиваше довербата на жителите на општината.
Граѓаните ваквото однесување на Филипче ќе го запаметат при наредното гласање, велат од партија.

