Close Menu
Press24
    Најново

    Одлични вести за возачите: Цената на нафтата падна

    15.10.2026 во 10:14

    Нова голема инвестиција во Македонија – Мицкоски најави 2.000 работни места

    15.10.2026 во 10:06

    „Убавата Ива избегала кај татко и криминалец во Бугарија” – Што пишуваат медиумите од регионот за Михаилова

    15.10.2026 во 09:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • 25 илјади граѓани се пријавиле за вакцинација против сезонски грип
    • Мерц бара дополнителни средства за Украина на самитот на ЕУ
    • Воена ескалација против наркокартелите: САД испраќаат 600 војници во Латинска Америка
    • Ватикан потврди: Папата започна со физикална терапија, закрепнувањето оди во најдобар ред
    • Парламентарен пораз во Шведска: Парламентот гласаше против изборот на Магдалена Андерсон за премиерка
    • Апокалиптични сцени во Истанбул: Тројца загинати и четворица исчезнати во страшни поплави
    • Лажно ветувал работни визи за странство: Приведен 54-годишник од Боговиње за измама од 2.000 евра
    • Почина Мирко Цетински – татко на Тони Цетински
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » 25 илјади граѓани се пријавиле за вакцинација против сезонски грип

    25 илјади граѓани се пријавиле за вакцинација против сезонски грип

    15.10.2026 во 18:061 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Речиси 25.000 граѓани досега се пријавиле на линкот vakcinacija.mk за вакцинација против сезонски грип, според информации од системот „Мој термин“. Вакцинацијата се очекува да почне од 16 до 25 октомври. Првите 30.000 дози вакцини се од GCFLU Multi inj., производ на компанијата GC Biopharma Corporation, Кореја – информираа за МИА од Министерството за здравство.

    Станува збор за тривалентната вакцина GC Biopharma – Influenza Vaccines за 2026 година, која е одобрена од Светската здравствена организација и ги исполнува строгите критериуми за квалитет, односно задолжително е обезбеден сертификат за квалитет, издаден од производителот и сертификат од референтна лабораторија за контрола на квалитетот од ОМЦЛ-мрежата (Official Medicines Control Laboratories) – наведуваат од Министерството.

    Првата пратка вакцини, како што посочуваат, се обезбедени преку заем во рамките на веќе утврдена меѓународна соработка од соседните држави, во конкретниот случај со УНИЦЕФ/Албанија.

    Дваесет и шест илјади дози вакцини против грип се од компанијата „Санофи“ и тие ќе стигнат до 15 ноември. Разговорите за другите 24.000 дози вакцини се во тек. Приоритетните групи за вакцинација ќе ги утврди комисијата за имунизација – потенцираат од Министерството.

    Прочитај повеќе

    Лажно ветувал работни визи за странство: Приведен 54-годишник од Боговиње за измама од 2.000 евра

    15.10.2026 во 16:58

    Мицкоски денеска ќе присуствува на отворањето на новиот ритеил парк „Триангла“ во Гази Баба

    15.10.2026 во 16:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.