Close Menu
Press24
    Најново

    Маж прославувал раѓање на дете, па по расправија со нож го прободел колегата – Инцидент во Батајница

    28.10.2026 во 16:33

    Волк нападна осумгодишно девојче во зоолошка градина во Германија – итно префрлено со хеликоптер во болница

    28.10.2026 во 16:26

    Поранешна министерка загина во железничката несреќа во Шпанија

    28.10.2026 во 15:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Маж прославувал раѓање на дете, па по расправија со нож го прободел колегата – Инцидент во Батајница
    • Волк нападна осумгодишно девојче во зоолошка градина во Германија – итно префрлено со хеликоптер во болница
    • Поранешна министерка загина во железничката несреќа во Шпанија
    • Закана од терористички напад – Заканувачка порака испратена на е-маил на Народното собрание на РС
    • Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија
    • Кривична пријава за директорот на ЈКП „Брегалница“ од Делчево: Злоупотребил службена положба за слободни денови на вработена
    • Велес: Автомобил излетал од пат, па се забил во дрво
    • ВИДЕО: „Алкалоид“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Апокалиптични сцени во Истанбул: Тројца загинати и четворица исчезнати во страшни поплави

    Апокалиптични сцени во Истанбул: Тројца загинати и четворица исчезнати во страшни поплави

    15.10.2026 во 17:172 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Најмалку три лица ги загубија животите во катастрофалните поплави предизвикани од обилните дождови што го погодија Истанбул, додека четири лица се водат за исчезнати, соопшти канцеларијата на гувернерот. Водното невреме предизвика излевање на водотеците, поплавување на стотици куќи, деловни објекти и патишта, како и целосен колапс во сообраќајот.

    Според информациите од Си-ен-ен Турк, жртвите настрадале во различни делови од градот:

    • Триесет и четиригодишен маж починал во болница откако несреќно паднал и ја удрирал главата на тротоарот додека се обидувал да ја премине улицата.
    • 14-годишно момче загинало од електричен спој во водата во населбата Фатих.
    • Третата жртва е пронајдена заплеткано во греда на мост во близина на паркот Садабат во населбата Кагитане, а процесот на идентификација е во тек.

    Во текот на ноќта, спасувачките екипи со помош на тешка механизација и чамци евакуираа десетици граѓани, вклучително и работници кои останале заробени во поплавените згради. Меѓу најтешко погодените локации е населбата Кагитане, каде што реката со исто име се излеа и ја поплави историската џамија Садабат, нејзиниот двор и околните објекти.

    Промена на бојата на Босфорот и историски врнежи

    Обилните врнежи драстично ја промениле и бојата на морето по одредени делови од брегот на Босфорот, каде што огромните количини кал од копното ја обоиле водата во кафена боја. Оваа појава била особено видлива крај брегот на Еминону, а заматената вода се проширила сè до подрачјето пред познатата палата Топкапи.

    Според Центарот за координација на вонредни состојби во Истанбул (АКОМ), само во населбата Бејкоз од полноќ во вторникот до 7:30 часот утрово биле измерени неверојатни 269,5 литри дожд на квадратен метар.

    „Градот се соочи со еден од најсилните бранови дожд во последните години. На некои локации наврнале помеѓу 130 и 273,1 литри дожд на квадратен метар, а особено беа погодени подрачјето околу Босфорот и северните делови од европската страна на градот“, изјави вршителот на должноста градоначалник на Истанбул, Нури Аслан, за агенцијата Анадолија.

    Невремето, кое започна во вторникот, се интензивираше вчеравечер, претворајќи ги улиците и подвозниците во вистински езера, заробувајќи возила и оставајќи бројни жители блокирани во нивните домови и работни места.

    Прочитај повеќе

    Маж прославувал раѓање на дете, па по расправија со нож го прободел колегата – Инцидент во Батајница

    28.10.2026 во 16:33

    Закана од терористички напад – Заканувачка порака испратена на е-маил на Народното собрание на РС

    28.10.2026 во 15:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.