Close Menu
Press24
    Најново

    Одлични вести за возачите: Цената на нафтата падна

    15.10.2026 во 10:14

    „Убавата Ива избегала кај татко и криминалец во Бугарија” – Што пишуваат медиумите од регионот за Михаилова

    15.10.2026 во 09:04

    Наскоро продолжен викенд – Потоа само уште еден неработен ден до крај на 2026

    15.10.2026 во 08:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ОЈО Тетово отвори истрага за 20-годишен сајбер криминалец: Нудел услуги за измами, продавал украдени податоци и поседувал детска порнографија
    • Хаос на патиштата низ Македонија: Деца зад волан, пијани возачи и странски државјанин завршија во полициска станица
    • Полицијата тресе низ Скопје и регионот – приведени 11 лица
    • Измерени 4 степени попладнево во Македонија – УХМР соопшти каде е најстудено во 14 часот
    • Царинската управа во соработка со експерти од Хрватска подготвува нови подзаконски акти за модернизација и ЕУ-интеграција
    • „Подолго време ме навредува, вознемирува, а денес ме и претепа“ – загрижена тетовчанка го пријавила сопругот во полиција
    • Се напил, па кршел се по дома – полицијата приведе агресивен велешанец
    • Кавадарци: Уапсени двајца мажи, возачот управувал под дејство на алкохол и со активна забрана, пронајдена дрога во „полото“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ОЈО Тетово отвори истрага за 20-годишен сајбер криминалец: Нудел услуги за измами, продавал украдени податоци и поседувал детска порнографија

    ОЈО Тетово отвори истрага за 20-годишен сајбер криминалец: Нудел услуги за измами, продавал украдени податоци и поседувал детска порнографија

    15.10.2026 во 15:132 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 20-годишник од селото Голема Речица за повеќе дела од областа на компјутерскиот криминал.

    „За време на повеќемесечните предистражни дејствија координирани од јавен обвинител, се обезбедија докази кои упатуваат на основано сомнение за извршено кривично дело – Компјутерска измама од член 251-б од Кривичниот законик, бидејќи осомничениот во периодот од 2025 до 2026 година администрирал нелегална онлајн група на комуникациската апликација „Телеграм“, преку која нудел услуги и софтверски алатки за измами поврзани со незаконско враќање парични средства.

    Освен ова, тој е осомничен и за кривично дело – Злоупотреба на лични податоци од член 149, кое го вршел како администратор на домејни и веб-страници поврзани со платформата „OLVX“, која служела како нелегален пазар за продажба на украдени дигитални податоци, софтверски алатки и услуги наменети за извршување кривични дела. Главни корисници на платформата биле сајбер криминалци кои купувале и продавале лични податоци и пристапни акредитиви за кориснички сметки, а во периодот на функционирање на платформата биле понудени над 1.500 украдени пристапни податоци на жртви – физички и правни лица.

    Врз основа на наредба за претрес обезбедена од судот по барање на јавниот обвинител беше извршен претрес кај осомничениот и беа одземени два мобилни телефони. Во скриен фолдер на еден од телефоните беше утврдено дека тој поседувал вкупно 29 видеа со експлицитна содржина на полови дејствија меѓу возрасни лица и деца. Поради тоа, 20-годишникот е осомничен и за кривично дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија според член 193-а од Кривичниот законик.

    Имајќи предвид дека постои несомнен ризик од бегство на осомничениот на кој му се ставаат на товар неколку кривични дела, како и поради опасноста тој да продолжи да врши кривични дела, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор“, соопшти ОЈО.

    Прочитај повеќе

    Хаос на патиштата низ Македонија: Деца зад волан, пијани возачи и странски државјанин завршија во полициска станица

    15.10.2026 во 15:06

    Полицијата тресе низ Скопје и регионот – приведени 11 лица

    15.10.2026 во 15:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.