Во текот на вчерашниот и денешниот ден во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ф.Н.(45), Д.Б.(44), А.З.(30), М.И.(20), Т.С.(24), сите од Скопје, како и Б.Б.(24) од Велес, Д.Г.(18) од Злетово и К.А.(22), со престој во Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана, соопшти МВР.
„На 14.10.2026 во 11:45 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Б.А.(45) од Велес затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја.
На 14.10.2026 во 23:50 часот на ул.„Цветан Димов“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишија од слобода М.Д.(21) од Кавадарци и Љ.С.(23) од Росоман. При контрола во патничко возило „фолксваген поло“ со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал М.Д., а во кое бил и Љ.С. била пронајдена и одземена бела грутчеста материја.
По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци“, информираше МВР.

