Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ги објави официјалните податоци за температурите измерени во 14:00 часот (12:00 UTC) на мерните станици низ државата.
Според податоците, најстудено е на Попова Шапка каде се измерени 4,3 степени, по што следат Ѓуриште со 9,2, Маврови Анови со 9,5 и Радовиш Пожар со 9,6 степени. Во Крушево и Пожаране се измерени 10,3 степени, а во Крива Паланка 11,6 степени.
Во останатите градови измерени се следните температури: Тополчани 13,1, Куманово 13,2, Прилеп 13,7, Претор 14,0, Штип 14,9, Битола 15,0, Виница 15,1, Тетово 15,2 и Велес 16,0 степени.
Најтопло во 14 часот било во јужните и југоисточните делови од земјата. Во Скопје-Петровец и Кавадарци се измерени 16,9 степени, на Зајчев Рид 17,0, во Демир Капија 17,5, во Струмица 19,0, додека највисока температура е регистрирана во Гевгелија – 19,8 степени.

