Close Menu
Press24
    Најново

    Снег кон крајот на неделата – УХМР со детална прогноза

    14.10.2026 во 12:56

    „Убавата Ива избегала кај татко и криминалец во Бугарија” – Што пишуваат медиумите од регионот за Михаилова

    15.10.2026 во 09:04

    Ќе снема струја во 9 часот – Исклучувања во Скопје, проверете дали сте на списокот

    14.10.2026 во 08:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВМРО-ДПМНЕ бара одговори од Филипче за Михаилова: „Имало ли посредување од луѓе блиски до Радев”
    • Ескалација во Црното Море: Романија истражува нов напад со беспилотно летало врз танкер
    • Муцунски во Дубаи: „Малите држави ја градат конкурентноста преку доверба”
    • Хорор го потресе светот: Се урна покрив на училиште, загинаа најмалку 18 ученици и еден наставник
    • „Таа беше наша голема гордост“ Училиштето емотивно се збогуваше со загинатата ученичка: Почина во ужасна несреќа во близина на Бијелина
    • Филипче бара 600€ минимална плата: „Три минимални плати не ја покриваат потрошувачката кошничка“
    • Милошоски: Бугарија може да стави вето на македонскиот јазик како службен јазик на ЕУ
    • „Безбеден град“ го фати, полицијата го уапси на Табановце: Возел 185 км/ч
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ бара одговори од Филипче за Михаилова: „Имало ли посредување од луѓе блиски до Радев”

    ВМРО-ДПМНЕ бара одговори од Филипче за Михаилова: „Имало ли посредување од луѓе блиски до Радев”

    15.10.2026 во 09:592 Mins Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Од ВМРО-ДПМНЕ отвораат прашања за околностите под кои било препорачано лекувањето на Ива Михаилова да продолжи во Бугарија, барајќи одговори од лидерот на СДСМ, Венко Филипче, за евентуални контакти со лица блиски до Румен Радев.

    Од партијата прашуваат дали Филипче и поранешниот премиер Зоран Заев имале комуникација или договори со бугарски политички претставници во врска со лекувањето на Михаилова, како и дали имало политички притисоци, посредувања или ветувања поврзани со медицинската документација.

    Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека, според информации објавени во јавноста, на 19 март 2026 година бил изготвен медицински извештај од доктор Иван Барбов, во кој било наведено дека лекувањето треба да продолжи во Бугарија. Од партијата бараат да се разјасни врз кои медицински процени била донесена одлуката и дали врз неа влијаел надворешен фактор.

    Од ВМРО-ДПМНЕ го обвинуваат Филипче и СДСМ дека не даваат одговори за улогата на бугарските власти во случајот и оценуваат дека сите околности треба да бидат испитани врз основа на документи и факти.

    Партијата повикува надлежните институции да ги проверат околностите околу изготвувањето на медицинскиот извештај, евентуалните контакти со политички претставници и постапките на сите инволвирани лица.

    Од ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека медицинските одлуки не смеат да бидат предмет на политички влијанија и бараат институциите да утврдат дали во конкретниот случај имало какви било неправилности.

    Just In Picks Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Муцунски во Дубаи: „Малите држави ја градат конкурентноста преку доверба”

    15.10.2026 во 09:44

    Филипче бара 600€ минимална плата: „Три минимални плати не ја покриваат потрошувачката кошничка“

    15.10.2026 во 09:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.