Close Menu
Press24
    Најново

    Нови детали: За операции на очи наплаќале и од пациентите и од Фондот – под сомнение екс директорот на ФЗОМ Ден Дончев

    29.10.2026 во 10:45

    Акција на „Таск форс“ во Македонија: Приведени две лица

    29.10.2026 во 10:44

    Уште време за аплицирање: Продолжени конкурсите за финансирање проекти во културата

    29.10.2026 во 10:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Нови детали: За операции на очи наплаќале и од пациентите и од Фондот – под сомнение екс директорот на ФЗОМ Ден Дончев
    • Акција на „Таск форс“ во Македонија: Приведени две лица
    • Уште време за аплицирање: Продолжени конкурсите за финансирање проекти во културата
    • Ревизија со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит
    • Македонската полиција му затропала на врата: 60-годишен маж ќе лежи во затвор
    • Финансиски злоупотреби во здравството – Под лупа и компанија со три болници во Скопје
    • ФОТО: Почина долгогодишен член на СДСМ – Оливер Спасовски со тага се прости од него
    • Надежите за преговори меѓу САД и Иран направија пресврт: Цената на нафтата тргна надолу
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ бара одговори од Филипче за Михаилова: „Имало ли посредување од луѓе блиски до Радев”

    ВМРО-ДПМНЕ бара одговори од Филипче за Михаилова: „Имало ли посредување од луѓе блиски до Радев”

    15.10.2026 во 09:592 Mins Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Од ВМРО-ДПМНЕ отвораат прашања за околностите под кои било препорачано лекувањето на Ива Михаилова да продолжи во Бугарија, барајќи одговори од лидерот на СДСМ, Венко Филипче, за евентуални контакти со лица блиски до Румен Радев.

    Од партијата прашуваат дали Филипче и поранешниот премиер Зоран Заев имале комуникација или договори со бугарски политички претставници во врска со лекувањето на Михаилова, како и дали имало политички притисоци, посредувања или ветувања поврзани со медицинската документација.

    Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека, според информации објавени во јавноста, на 19 март 2026 година бил изготвен медицински извештај од доктор Иван Барбов, во кој било наведено дека лекувањето треба да продолжи во Бугарија. Од партијата бараат да се разјасни врз кои медицински процени била донесена одлуката и дали врз неа влијаел надворешен фактор.

    Од ВМРО-ДПМНЕ го обвинуваат Филипче и СДСМ дека не даваат одговори за улогата на бугарските власти во случајот и оценуваат дека сите околности треба да бидат испитани врз основа на документи и факти.

    Партијата повикува надлежните институции да ги проверат околностите околу изготвувањето на медицинскиот извештај, евентуалните контакти со политички претставници и постапките на сите инволвирани лица.

    Од ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека медицинските одлуки не смеат да бидат предмет на политички влијанија и бараат институциите да утврдат дали во конкретниот случај имало какви било неправилности.

    Just In Picks Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Нови детали: За операции на очи наплаќале и од пациентите и од Фондот – под сомнение екс директорот на ФЗОМ Ден Дончев

    29.10.2026 во 10:45

    Акција на „Таск форс“ во Македонија: Приведени две лица

    29.10.2026 во 10:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.