Close Menu
Press24
    Најново

    Снег кон крајот на неделата – УХМР со детална прогноза

    14.10.2026 во 12:56

    Ќе снема струја во 9 часот – Исклучувања во Скопје, проверете дали сте на списокот

    14.10.2026 во 08:02

    Љупчо Горгиевски за Ива Михаилова: „Понекогаш треба да поминеш стотици километри за да не објаснуваш кој си“

    14.10.2026 во 08:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Инфлацијата и цените на енергенсите во фокусот: Македонската делегација на средба со ММФ
    • Тошковски горд на полицијата: „ФБИ ја потврди професионалноста”
    • Лажна вест ја крена Србија на нозе: Видеото со мечката што „го бркал“ возачот во Врање всушност е снимено во Русија
    • Неколку скопски улици остануваат без вода – Проверете дали вашата е на списокот
    • СДСМ го обвини Мицкоски дека го штити Тошковски: „Границата е швајцарско сирење“
    • Дневен хороскоп: Овенот да размисли за последиците од одлуките, Рибите ќе отворат старо праѓање за љубовта
    • „Убавата Ива избегала кај татко и криминалец во Бугарија” – Што пишуваат медиумите од регионот за Михаилова
    • Наскоро продолжен викенд – Потоа само уште еден неработен ден до крај на 2026
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Инфлацијата и цените на енергенсите во фокусот: Македонската делегација на средба со ММФ

    Инфлацијата и цените на енергенсите во фокусот: Македонската делегација на средба со ММФ

    15.10.2026 во 09:221 Min Read
    Народна банка
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и гувернерот на Народната банка Трајко Славески остварија средба со заменикот на генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Бо Ли, во рамки на Годишните средби на ММФ и Групацијата на Светската банка во Бангкок.

    На разговорите биле разгледани макроекономските состојби, влијанието на глобалните случувања врз домашната економија и важноста на независноста и транспарентноста на централните банки за одржување на економската стабилност.

    Од Народната банка посочуваат дека внимателното водење на економските политики е особено важно во услови на геополитичка неизвесност и нестабилни цени на светските пазари. Како значајни фактори за домашната економија биле издвоени движењата на цените на енергенсите и нивното можно влијание врз инфлацијата.

    На средбата било нагласено дека мерките на Народната банка придонеле за стабилизирање на инфлацијата, зачувување на стабилноста на девизниот курс и зајакнување на отпорноста на економијата.

    Посебно внимание било посветено на независноста на централната банка, нејзината отчетност и транспарентната комуникација со јавноста, како предуслови за доверба во институциите и спроведување доследна монетарна политика.

    Била потврдена и определбата за продолжување на соработката меѓу Народната банка и ММФ преку техничка помош, советодавна поддршка и јакнење на институционалните капацитети, со цел одржување на ценовната и финансиската стабилност.

    Just In Picks Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Тошковски горд на полицијата: „ФБИ ја потврди професионалноста”

    15.10.2026 во 09:19

    Неколку скопски улици остануваат без вода – Проверете дали вашата е на списокот

    15.10.2026 во 09:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.