Close Menu
Press24
    Најново

    Снег кон крајот на неделата – УХМР со детална прогноза

    14.10.2026 во 12:56

    Ќе снема струја во 9 часот – Исклучувања во Скопје, проверете дали сте на списокот

    14.10.2026 во 08:02

    Љупчо Горгиевски за Ива Михаилова: „Понекогаш треба да поминеш стотици километри за да не објаснуваш кој си“

    14.10.2026 во 08:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Есента „покажува заби” – Студено утро во Македонија, УХМР ги измери температурите
    • Од бел стап до пристапен град: Во Собранието дебата за правата на слепите лица
    • Четири дена џез магија: Почнува 45. Скопски џез-фестивал
    • „Кромберг и Шуберт“ со нова инвестиција во Македонија – Денеска договор со Владата
    • Нема совети, нема пари: Општините потфрлиле во превенцијата на детското престапништво
    • ЕУ дава до 15.000 евра – Важна вест за младите во кочанскиот регион
    • Во Скопје ќе нема струја шест ипол часа – Проверете дали вашата улица е на списокот
    • Нека не ве лаже сонцето: Ветерот ќе засилува, УХМР најавува какви температури да очекуваме
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Есента „покажува заби” – Студено утро во Македонија, УХМР ги измери температурите

    Есента „покажува заби” – Студено утро во Македонија, УХМР ги измери температурите

    15.10.2026 во 08:242 Mins Read
    Press24
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) утрово во 8 часот ги измери минималните температури низ земјава, при што најниските вредности се регистрирани во повисоките и планинските места.

    Со 0,9 степени Крива Паланка утрово е најстудениот град, по што следи и Битола со 1 степен. На Попова шапка се измерени 4 степени, со што утрово е меѓу најстудените места во Македонија.

    Гевгелија со 13 степени во 8 часот, утрово е рекордер меѓу градовите. Во Скопје се измерени 6 степени во осум часот.

    Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието повремено ќе надминува 60 километри на час. Минималните температури ќе се движат од 0 до 9 степени, додека максималните ќе достигнат од 12 до 20 степени Целзиусови.

    УХМР

    Во Скопје се очекува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен северен ветер, кој во одделни делови од котлината повремено ќе биде засилен. Утринската температура ќе се спушти до 6 степени, а дневната ќе достигне до 15 степени.

    Во наредните денови се очекува променливо облачно и претежно стабилно време. Исклучок ќе биде петок, кога се прогнозираат слаби локални врнежи од дожд, додека на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Од бел стап до пристапен град: Во Собранието дебата за правата на слепите лица

    15.10.2026 во 08:17

    Четири дена џез магија: Почнува 45. Скопски џез-фестивал

    15.10.2026 во 08:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.