Close Menu
Press24
    Најново

    Елекстрдистрибуција со известување до граѓаните: Утре неколку часа ќе нема струја

    13.10.2026 во 12:25

    Снег кон крајот на неделата – УХМР со детална прогноза

    14.10.2026 во 12:56

    Нови цени на горивата од полноќ

    13.10.2026 во 09:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тирана: Втора вечер судири меѓу полицијата и студентите
    • Полска размислува за враќање на задолжителната воена служба за мажи и жени
    • Николоски: Инвестираме 114 милиони денари во Брвеница, победа во прв круг на Стојанчо Радичевски за уште повеќе проекти
    • Зеленски му се заблагодари на кралот Чарлс за неговата „непоколеблива поддршка“ за Украина
    • Митева: Во Клиничката болница Штип е воспоставен мултидисциплинарен кабинет за дојка
    • Директорот предупредува: Лувр се соочува со опасност од затворање доколку не се реконструира
    • Филипче: Директорот на АНБ има лажен сертификат од Бугарија, тоа да не е причината за овој договор?
    • ФБИ и се заблагодари на македонската полиција: Успешно разбиен меѓународниот сајбер-пазар „OLVX“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Тирана: Втора вечер судири меѓу полицијата и студентите

    Тирана: Втора вечер судири меѓу полицијата и студентите

    14.10.2026 во 22:452 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Албанската полиција вечерва употреби водени топови против десетиците илјади студенти кои демонстрираа во главниот град, каде што веќе втор ден се одржуваат насилни демонстрации.

    Студентите запалија владина зграда и две банки и фрлаа камења кон полицијата во знак на протест поради зголемувањето на трошоците за образование и корупцијата. Полицијата одговори со водени топови и солзавец за да ги растера демонстрантите.

    Демонстрантите предизвикаа пожар во зградата на Министерството за образование, превртеа контејнери за ѓубре и ги скршија прозорците на локалните продавници и бизниси. Филијала на Рајфајзен банка во близина на Министерството за образование, исто така, е запалена, објавува британскиот Гардијан.

    Ова се најнасилните протести досега против премиерот Еди Рама, кој во мај минатата година го освои четвртиот мандат на функцијата, но сега се соочува со растечко незадоволство и перцепција за корупција кај водечките функционери. Демонстрантите, исто така, ги отфрлија опозициските личности како неприфатлива алтернатива.

    Немирите избувнаа по летото мирни протести против Рама, поттикнати од предложениот проект за развој на луксузно одморалиште долж јужниот брег на Албанија, финансиран од зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер.

    Студентските организатори изјавија дека протестите се предизвикани од условите на универзитетот, трошоците за високо образование и недостатокот на финансиска поддршка и перспективи за работа по дипломирањето.

    Немирите се дел од поширок бран студентски активизам што ја зафати Европа околу образованието и условите за живот, пишува „Гардијан“.

    Албанските медиуми објавија дека денешните протести се проширија и на универзитетите во Елбасан и Скадар.

    Прочитај повеќе

    До 5.000 евра казна за „дрифтување“ и 3.000 евра за возење тротинет – Регионот драстично ги заострува сообраќајните казни

    14.10.2026 во 13:53

    Се обидел да украде кабли од трафостаница, а потоа следел ужас: Tешко повреден тинејџер

    14.10.2026 во 11:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.