Close Menu
Press24
    Најново

    Елекстрдистрибуција со известување до граѓаните: Утре неколку часа ќе нема струја

    13.10.2026 во 12:25

    Нови цени на горивата од полноќ

    13.10.2026 во 09:32

    Ќе снема струја во 9 часот – Исклучувања во Скопје, проверете дали сте на списокот

    14.10.2026 во 08:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Затвореник од Македонија дел од опасна криминална група во Србија: Уапсени седум лица за две убиства и киднапирање
    • ДЗС: Раст на туризмот за 3 отсто во првите осум месеци од 2026 година, најмногу гости од Турција
    • Мицкоски ќе присуствува на потпишувањето на договорот за нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“
    • Серафимовски на средба со кинеската амбасадорка Сјаојан: Фокус на извозот на македонско вино и органски производи во Кина
    • „Безбеден град“ регистрираше 296 прекршоци за два дена во Охрид, Струга, Кичево и Дебар
    • Стартуваше пријавувањето за бесплатна вакцинација против грип, еве кои групи имаат право
    • ФБИ и МВР разбија сајбер-мрежа во Македонија: 20-годишник од Голема Речица продавал украдени податоци и детска порнографија
    • Ѓорѓиевски на одбележувањето на 59 години МАНУ: Градот го уредува просторот околу Академијата достојно за нејзиното значење
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Затвореник од Македонија дел од опасна криминална група во Србија: Уапсени седум лица за две убиства и киднапирање

    Затвореник од Македонија дел од опасна криминална група во Србија: Уапсени седум лица за две убиства и киднапирање

    14.10.2026 во 16:582 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Лицето М. С., кое се наоѓа на издржување затворска казна во Македонија, е опфатено со кривичната пријава против 12-члена организирана криминална група во Србија, осомничена за две убиства и киднапирање, соопшти српското Јавно обвинителство за организиран криминал.

    Во големата полициска акција во Србија се уапсени седум лица — шест од Белград и едно од Пожаревац.

    Според истрагата, групата се сомничи дека ги организирала и извршила убиствата на Милан Стоковиќ во областа на Пожаревац и на Живко Бакиќ во Белград. Стоковиќ бил киднапиран на 14 октомври 2025 година, додека Бакиќ бил убиен во јануари годинава.

    Покрај М. С., кој е во македонски затвор, и уапсените седуммина, со пријавата се опфатени уште четири лица: едно кое веќе е во притвор во Белград, две кои се во притвор во Грција и Белгија, додека по едно лице интензивно се трага.

    Во соопштението на српското обвинителство не се наведува во кој македонски затвор се наоѓа М. С., ниту пак за кое кривично дело ја издржува казната во земјава.

    Во обемната полициска операција учествувале криминалистичката полиција, Службата за борба против организираниот криминал, Жандармеријата, Специјалната антитерористичка единица (САЈ) и Безбедносно-информативната агенција (БИА).

    Осомничените се товарат за здружување заради вршење кривични дела, тешко убиство, киднапирање, незаконско поседување и трговија со оружје и експлозивни материи, како и за трговија со дрога.

    По истекот на полициското задржување, сите уапсени ќе бидат спроведени на сослушување пред Јавното обвинителство за организиран криминал.

    Прочитај повеќе

    ДЗС: Раст на туризмот за 3 отсто во првите осум месеци од 2026 година, најмногу гости од Турција

    14.10.2026 во 16:37

    Мицкоски ќе присуствува на потпишувањето на договорот за нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“

    14.10.2026 во 16:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.