Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, утре (15 октомври 2026 година) ќе присуствува на официјалното потпишување на договор за нова инвестиција на германската компанија „Кромберг и Шуберт“.
Настанот е закажан со почеток во 11:00 часот и ќе се одржи во Свечената сала на Владата на Република Северна Македонија.
По потпишувањето на договорот, премиерот Мицкоски и претставниците на компанијата „Кромберг и Шуберт“ ќе одржат заедничка прес-конференција за медиумите во Медија центарот на Владата, каде што ќе бидат соопштени деталите за новата инвестиција.

