Close Menu
Press24
    Најново

    Елекстрдистрибуција со известување до граѓаните: Утре неколку часа ќе нема струја

    13.10.2026 во 12:25

    Нови цени на горивата од полноќ

    13.10.2026 во 09:32

    Ќе снема струја во 9 часот – Исклучувања во Скопје, проверете дали сте на списокот

    14.10.2026 во 08:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Серафимовски на средба со кинеската амбасадорка Сјаојан: Фокус на извозот на македонско вино и органски производи во Кина
    • „Безбеден град“ регистрираше 296 прекршоци за два дена во Охрид, Струга, Кичево и Дебар
    • Стартуваше пријавувањето за бесплатна вакцинација против грип, еве кои групи имаат право
    • ФБИ и МВР разбија сајбер-мрежа во Македонија: 20-годишник од Голема Речица продавал украдени податоци и детска порнографија
    • Ѓорѓиевски на одбележувањето на 59 години МАНУ: Градот го уредува просторот околу Академијата достојно за нејзиното значење
    • Утре ќе нема струја до 15:30 часот – проверете дали сте на списокот за исклучувања
    • Тошковски на состанокот на УНОДЦ: Трговијата со луѓе не познава граници, одговорот мора да биде одлучен и организиран
    • Мицкоски од Собранието: Владата работи на деблокирање на евроинтеграциите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Серафимовски на средба со кинеската амбасадорка Сјаојан: Фокус на извозот на македонско вино и органски производи во Кина

    Серафимовски на средба со кинеската амбасадорка Сјаојан: Фокус на извозот на македонско вино и органски производи во Кина

    14.10.2026 во 16:141 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски оствари работна средба со амбасадорката на Народна Република Кина, Џијанг Сјаојан, на која се разговараше за можностите за унапредување на трговијата со земјоделски и прехранбени производи, како и за размена на знаење и искуства во земјоделството.

    Во делот на трговската размена, посебно внимание беше посветено на можностите за пласман на македонското вино на кинескиот пазар. Органското производство беше издвоено како дополнителен сегмент со потенцијал за воспоставување нови деловни врски меѓу производителите и компаниите од двете земји.

    Соговорниците ги разгледаа можностите за соработка во примената на напредни земјоделски техники, паметното производство и користењето обновливи извори на енергија во земјоделските стопанства, со цел подобрување на продуктивноста и поефикасно користење на природните ресурси.

    „Модерното земјоделство го гледам како спој на образованието, науката и земјоделската практика. Научните достигнувања ја добиваат својата вистинска вредност кога производителот може да ги примени и да ги почувствува придобивките во својата работа. Во таа насока гледаме простор за продлабочување на соработката со Кина и за споделување знаење приспособено на потребите на нашите земјоделци“, истакна министерот Борче Серафимовски.

    Прочитај повеќе

    „Безбеден град“ регистрираше 296 прекршоци за два дена во Охрид, Струга, Кичево и Дебар

    14.10.2026 во 16:12

    Стартуваше пријавувањето за бесплатна вакцинација против грип, еве кои групи имаат право

    14.10.2026 во 16:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.