Close Menu
Press24
    Најново

    Елекстрдистрибуција со известување до граѓаните: Утре неколку часа ќе нема струја

    13.10.2026 во 12:25

    Нови цени на горивата од полноќ

    13.10.2026 во 09:32

    Ќе снема струја во 9 часот – Исклучувања во Скопје, проверете дали сте на списокот

    14.10.2026 во 08:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спасовски со пратенички прашања до Хоџа: До каде е депонијата „Краста“ и што се случува со ископот на песок во Шупли Камен?
    • Ужас ја потресе Македонија: Едногодишно дете од Куманово се затруло со детергент
    • Талески: Земјоделството колабира поради ниските цени и високите трошоци, СДСМ предложи 4 милијарди денари поддршка
    • АХВ: Запленети два тони храна од зелениот пазар во Ченто
    • Кичевчанец со автомобил се забил во бетонски столб – две лица пренесени во болница
    • Стружанец прегазен од сопствениот трактор
    • Снег кон крајот на неделата – УХМР со детална прогноза
    • (ФОТО) Ѓорѓиевски и колегите градоначалници повторно ги засукаа ракавите – илјадници луѓе го чистеа Скопје
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Спасовски со пратенички прашања до Хоџа: До каде е депонијата „Краста“ и што се случува со ископот на песок во Шупли Камен?

    Спасовски со пратенички прашања до Хоџа: До каде е депонијата „Краста“ и што се случува со ископот на песок во Шупли Камен?

    14.10.2026 во 13:402 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната собраниска седница за пратенички прашања упати две прашања до министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, кои се однесуваат на доцнењето на изградбата на регионалната санитарна депонија за Североисточниот регион и проблемите со ископот на песок во кумановското село Шупли Камен.

    Во однос на депонијата „Краста“, Спасовски истакна дека неодржувањето и честите пожари директно ги загрозуваат здравјето и животот на над 900 жители од блиските населени места Пчиња, Студена Бара, Вакав и Винце. Тој посочи дека локалната власт во Куманово ја префрла одговорноста и побара прецизен одговор до каде е тендерската постапка започната во декември 2025 година.

    „Во јуни 2026 година има објавен податок дека сè уште не се извршени евалуациите на резултатите од тендерот, односно од постапката за явна набавка. Значи, тоа се повеќе од седум месеци. Беше најавено во јуни дека до крајот на летото ќе започне изградбата на депонијата, а досега немаме никаква информација. Дали Министерството ја има завршено постапката и кој е изведувачот?“, праша Спасовски.

    Второто прашање на Спасовски беше поврзано со ископот на песок преку уредување на речното корито во селото Шупли Камен, каде што жителите одржаа и протести поради нарушување на животната средина и пресушување на бунарите.

    „Со ископот и вдлабнувањето на речното корито се повлекуваат и подземните води. Многу од бунарите во ова село се веќе пресушени, а на минимум е сведена и каптажата којашто го снабдува селото со вода. Ме интересира дали имаме извештај од извршениот увид од страна на Инспекторатот за заштита на животната средина, кои се заклучоците и дали навистина се исполнети условите за уредување на речното корито без да се загрозува животната средина“, истакна Спасовски.

    Прочитај повеќе

    Талески: Земјоделството колабира поради ниските цени и високите трошоци, СДСМ предложи 4 милијарди денари поддршка

    14.10.2026 во 13:17

    Тоневски: Вратени над 50 милиони денари од долгот на Пробиштип, во тек се инвестиции од над 100 милиони денари

    14.10.2026 во 12:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.