Времето утре сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието, соопшти УХМР.
Од УХМР посочуваат дека следува период на променливо облачно и стабилно време, освен во петок кога ќе има слаби локални врнежи од дожд кои на повисоките планини ќе бидат од слаб снег. Утре ќе дува засилен до силен ветер од северозападен правец, а од петок до крајот на периодов, ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, кој ќе биде поизразен долж Повардарието.


