Close Menu
Press24
    Најново

    Елекстрдистрибуција со известување до граѓаните: Утре неколку часа ќе нема струја

    13.10.2026 во 12:25

    Нови цени на горивата од полноќ

    13.10.2026 во 09:32

    Ќе снема струја во 9 часот – Исклучувања во Скопје, проверете дали сте на списокот

    14.10.2026 во 08:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Народните верувања поврзани со празникот Покров на Пресвета Богородица – Што треба да прават жените и девојките
    • Лажни електричари одзедоа над 600.000 евра, со чекан кршеле ѕид за да земат готовина – голема измама во Атина
    • (ФОТО) Се реконструираат улици во Мршевци и Илинден, градоначалникот Георгиевски изврши увид
    • Падна опасен клан во соседството – Уапсени осомничени за ликвидација
    • Четири хороскопски знаци ќе ги решат финансиските проблеми во ноември
    • Предупредување од УХМР: Издаден метео-аларм за денеска
    • Лоши вести утрово: Цената на нафтата се зголемува
    • Една година од смртта на Панчо од ДНК – Трагедијата во Кочани остави неизбришлива болка
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Народните верувања поврзани со празникот Покров на Пресвета Богородица – Што треба да прават жените и девојките

    Народните верувања поврзани со празникот Покров на Пресвета Богородица – Што треба да прават жените и девојките

    14.10.2026 во 11:022 Mins Read
    Прес24
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Православните верници денеска го одбележуваат празникот Покров на Пресвета Богородица, посветен на нејзиното постојано застапништво и заштита на христијанскиот народ.

    Според црковното предание, празникот потекнува од настан во Цариград, во црквата „Влахерна“, каде што во текот на ноќно бдение во 911 година, свети Андреј Јуродив и неговиот ученик Епифаниј имале видение на Пресвета Богородица како го покрива народот со својот омофор и се моли за спасение на светот.

    Овој настан станал основа за празнувањето, кое потсетува на верувањето дека Богородица со своите молитви ги застапува верниците пред Бога и им пружа духовна утеха во тешките моменти.

    Празникот ја нагласува надежта и довербата во нејзината заштита, која, според православното предание, ги опфаќа и поединците и целиот христијански народ, во време на мир и во време на искушенија.

    Во народните верувања, празникот се поврзува со почитта кон жената и семејството. Според традицијата, денот треба да помине во спокојство, молитва и време поминато со најблиските, а се избегнуваат напорни домашни обврски и тешка физичка работа.

    Особено внимание му се посветува на молитвеното обраќање кон Пресвета Богородица. Жените и девојките одат во црква, палат свеќи и се молат за здравје, семејна среќа, брак и потомство. Во некои краишта е зачуван и обичајот утрото да се измие лицето со чиста или осветена вода, како симболична желба за здравје, убавина и благосостојба во домот.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    (ФОТО) Се реконструираат улици во Мршевци и Илинден, градоначалникот Георгиевски изврши увид

    14.10.2026 во 10:56

    Предупредување од УХМР: Издаден метео-аларм за денеска

    14.10.2026 во 10:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.