Close Menu
Press24
    Најново

    Елекстрдистрибуција со известување до граѓаните: Утре неколку часа ќе нема струја

    13.10.2026 во 12:25

    Нови цени на горивата од полноќ

    13.10.2026 во 09:32

    РКЕ донесе одлука – ова се новите цени кои ќе важат од полноќ

    13.10.2026 во 12:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Малолетник удрил во полициски возила и повредил четири полицајци, судијата не одреди притвор – драма во Врање
    • ВМРО-ДПМНЕ бара одговори од Филипче и Заев: Кој стои зад лекарскиот извештај за Ива?
    • СДСМ бара оставка од Тошковски по случајот со Михаилова
    • Алармантни податоци во Германија: Евидентирани стотици детски бракови, меѓу нив и 11-годишни девојчиња
    • ВМРО-ДПМНЕ со отчет за проектите во Берово: Од нови улици до субвенции за граѓаните
    • Кашлал за време на алкотест, па му го конфискувале новото Порше – Бизарна драма во Италија
    • Бугарски историчар за случајот со Ива: „Човек што бара спас од прогон заслужува заштита“
    • Македонските брендови во фокусот на „Бизнис Арена 2026“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Малолетник удрил во полициски возила и повредил четири полицајци, судијата не одреди притвор – драма во Врање

    Малолетник удрил во полициски возила и повредил четири полицајци, судијата не одреди притвор – драма во Врање

    14.10.2026 во 10:092 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Филмска брканица се одвивала за време на изминатиот викенд на улиците во Врање, откако малолетен возач со „Опел Вектра“ бегајќи од полицијата се удрил во службено возило и повредил четири полицајци. За време на потерата, полицијата испукала истрели во воздух, а во автомобилот била пронајдена реплика на пиштол, соопшти Вишото јавно обвинителство во Врање.

    Инцидентот започнал ноќта меѓу 9 и 10 октомври, кога сообраќајна патрола се обидела да го запре возилото со белградски таблички за рутинска проверка. Возачот одбил да запре и ја зголемил брзината, по што полицијата веднаш тргнала во потера. За време на бегството било забележано дека патниците фрлаат предмети низ прозорецот, а еден од нив во раката држел пиштол.

    Драматичниот расплет се случил на улицата „Марка Краљевиќа“, каде полицијата поставила блокада. Малолетникот не запрел ниту тогаш, туку директно удрил во полициски автомобил. Од силниот удар, полициското возило се извртело, удрило во паркиран автомобил, а потоа и во друго службено возило.

    По запирањето, полицијата утврдила дека во автомобилот се наоѓале двајца помлади малолетници, а во кабината била пронајдена пластична реплика од пиштол. Во инцидентот се повредени вкупно четири полицајци, а потврдено е и дека еден полициски службеник испукал предупредувачки проектил во воздух.

    Против малолетниот возач ќе биде поднесена кривична пријава за напад врз службени лица и употреба на фалсификувани регистарски таблички. Кривични пријави ќе има и за родителите на еден од малолетниците за занемарување и злоупотреба на малолетно лице, со оглед на тоа што момчето и претходно направило сообраќаен прекршок, но тогаш имало под 14 години.

    И покрај целата драма и повредените полицајци, дежурниот судија во Вишиот суд во Врање одлучил да не одреди мерка притвор за малолетниците.

    Вишото јавно обвинителство дополнително побарало од началникот на Полициската управа во Врање темелно да се испитаат сите околности на инцидентот, како и оправданоста на употребените полициски овластувања за време на потерата.

    Прочитај повеќе

    Продолжуваат судирите меѓу демонстрантите и полицијата во Тирана

    13.10.2026 во 22:47

    Единаесет морнари исчезнати по нападот со дрон врз товарен брод во близина на Бугарија

    13.10.2026 во 19:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.