Првиот снег за оваа сезона во гевгелискиот регион падна вчера околу пладне на повисоките делови од планината Кожуф, на надморска височина од 1.500 до 2.000 метри, пренесе Гевгелија нет.
Снежна покривка ги зафати и терените на Ски-центарот „Кожуф“. Според мерењата, температурата на планината изнесувала 4°C.
Во меѓувреме, во Гевгелија вчера е регистриран најстудениот есенски ден годинава. Максималната температура достигна 14°C, а во изминатите шест часа се регистрирани слаби врнежи од дожд со интензитет од едвај 1 l/m².

