Close Menu
Press24
    Најново

    Елекстрдистрибуција со известување до граѓаните: Утре неколку часа ќе нема струја

    13.10.2026 во 12:25

    Нови цени на горивата од полноќ

    13.10.2026 во 09:32

    РКЕ донесе одлука – ова се новите цени кои ќе важат од полноќ

    13.10.2026 во 12:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Илјадници волонтери на терен: Скопје денеска се чисти на повеќе од 50 локации
    • Божиновска меѓу европските лидерки за клима и енергетика
    • Тројца адвокати во трка за член на Судскиот совет – Денеска интервјуа во Собранието
    • Подобра грижа за пациентките: Во Штип се отвора нов кабинет за дојка
    • Влажни коловози низ земјава – АМСМ предупредува на опасност од одрони
    • Ќе снема струја во 9 часот – Исклучувања во Скопје, проверете дали сте на списокот
    • Со свеченост и признание за Соња Должан – МАНУ го одбележува својот ден
    • Премиерот и министрите денеска ќе одговараат на прашањата од опозицијата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Илјадници волонтери на терен: Скопје денеска се чисти на повеќе од 50 локации

    Илјадници волонтери на терен: Скопје денеска се чисти на повеќе од 50 локации

    14.10.2026 во 08:101 Min Read
    Press24
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Чистењето на главниот град продолжува денеска со активности на повеќе од 50 локации низ сите скопски општини. Во акцијата ќе учествуваат локалните самоуправи, ученици и жители, со цел уредување на јавните простори и отстранување на отпадот од урбаните средини.

    Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави дека ќе бидат опфатени паркови, улици, пешачки патеки, простори меѓу станбените згради и други јавни површини.

    Според најавите, ваквите акции ќе се организираат двапати месечно, со очекување граѓаните активно да се вклучат и да придонесат за почиста животна средина.

    Ѓорѓиевски порача дека целта не е само еднократно чистење, туку создавање навики за одговорно однесување и редовна грижа за околината. Тој упати повик до жителите да го чуваат градот и да не фрлаат отпад на несоодветни места.

    Од Град Скопје информираат дека сите заинтересирани граѓани можат да ги добијат информациите за конкретните локации и начинот на учество преку општината во која живеат.

    Featured Just In Picks Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Божиновска меѓу европските лидерки за клима и енергетика

    14.10.2026 во 08:09

    Тројца адвокати во трка за член на Судскиот совет – Денеска интервјуа во Собранието

    14.10.2026 во 08:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.