Close Menu
Press24
    Најново

    Елекстрдистрибуција со известување до граѓаните: Утре неколку часа ќе нема струја

    13.10.2026 во 12:25

    Нови цени на горивата од полноќ

    13.10.2026 во 09:32

    ОЈО: Сторивме сѐ што можевме за да ја обезбедиме, ризикот од бегство беше причина зошто дававме негативно мислење за враќање на пасошот на Михајлова

    12.10.2026 во 14:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ​Циклус теренски посети: Градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска на работна средба со жителите на Пржино
    • Лимани: Општина Гостивар ќе додели 100 ваучери за бесплатна мамографија во рамки на „Розов октомври“
    • Николоски: Очекуваме раст на БДП од 3, 5 %, градежништвото останува силен двигател на економскиот развој на државата
    • Единаесет морнари исчезнати по нападот со дрон врз товарен брод во близина на Бугарија
    • Распишана централна и меѓународна потерница по Михаилова Ива
    • Од наредната недела почнува вакцинацијата против сезонски грип
    • Најљубоморниот хороскопски знак
    • Вонредна ситуација на аеродромот во Нирнберг: Целосно запрен авиосообраќајот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ​Циклус теренски посети: Градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска на работна средба со жителите на Пржино

    ​Циклус теренски посети: Градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска на работна средба со жителите на Пржино

    13.10.2026 во 20:322 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во рамките на циклусот теренски посети на сите месни и урбани заедници во општина Кисела Вода, градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска заедно со раководителите на секторите од општинската администрација, вечерва оствари работна средба со жителите на месната заедница Пржино.

    На средбата беше направен пресек на досегашните инфраструктурни зафати и реализирани активности во овој дел од општината. Присутните ги поздравија проектите кои веќе се завршени, меѓу кои асфалтирањето на дел од улиците во Пржино во изминатиот период, како и континуираното и редовно одржување на јавната хигиена во населбата.

    По освртот на сработеното, фокусот на дискусијата се насочи кон мапирање на новите приоритети и секојдневните предизвици на населението. Жителите на Пржино посочија повеќе конкретни потреби во делот на сообраќајот и комуналното уредување. Беше побарана интервенција до МВР за регулирање на паркирањето на возилата на улицата „Милан Мијалковиќ“, како и поставување на легнати препреки на истата. Дополнително, граѓаните ја истакнаа потребата од решавање на проблемот со фекалната канализација на кракот од улицата „Мариовска 22“, како и интервенција до ЈП „Водовод и канализација“ поради слабиот притисок на вода на „Мариовска 5“.

    На средбата беше побарано и отстранување на нелегално поставените столпчиња на тротоарот на улицата „Караџица“, поврзување на улиците „Полог“ и „Банско“, како и изградба на потпорен ѕид кај спортскиот комплекс „Славија“ помеѓу улиците „Полог“ и „Кочанска“. Меѓу клучните теми беа и решавањето на проблемот со кучињата скитници, барањето за спроведување на еднонасочен сообраќај низ населбата, изградбата на паркинг-простор спроти складиштето „Треска“, како и изградба на нов, современ објект за месната заедница.

    Стручните служби на Општина Кисела Вода ги забележаа сите изложени барања и сугестии со цел нивно вметнување во програмите за работа и навремено решавање. Овој циклус на интензивни теренски посети продолжува и понатаму, со цел да бидат опфатени сите месни и урбани заедници во општината.

    Прочитај повеќе

    Елекстрдистрибуција со известување до граѓаните: Утре неколку часа ќе нема струја

    13.10.2026 во 12:25

    ЈП ПОЦ со акција во Општина Центар: За една недела отстранети 135 непрописно паркирани возила

    13.10.2026 во 11:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.