Close Menu
Press24
    Најново

    Нови цени на горивата од полноќ

    13.10.2026 во 09:32

    ОЈО: Сторивме сѐ што можевме за да ја обезбедиме, ризикот од бегство беше причина зошто дававме негативно мислење за враќање на пасошот на Михајлова

    12.10.2026 во 14:13

    РКЕ донесе одлука – ова се новите цени кои ќе важат од полноќ

    13.10.2026 во 12:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • BALFIN Group и Flying Tiger Copenhagen го прошируваат партнерството на три пазари во ЕУ
    • МНР го повика бугарскиот амбасадор Радуков поради случајот со Ива Михајлова
    • Пијан скопјанец исклучен од сообраќај во Дебар: Со „сузуки“ управувал со речиси два промили алкохол
    • Клековски: Пристигнаа првите 30.000 вакцини против грип, вакцинацијата почнува меѓу 16 и 25 октомври
    • Масовна тепачка во Делчево: Кривични пријави за седум лица за насилство над момче од Пехчево
    • Георгиев го повика Филипче и Герасимовски на терен: Погледнете што се гради во Центар и каде е зеленилото
    • Лажно пријавила кражба во Дебар: 24-годишна девојка „останала“ без злато вредно 3.000 евра, па добила кривична пријава
    • Напад во казино во Ѓорче Петров: Приведен 50-годишен маж
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонија и Австрија потпишаа Меморандум за соработка во областа на заштитата и спасувањето

    Македонија и Австрија потпишаа Меморандум за соработка во областа на заштитата и спасувањето

    13.10.2026 во 12:181 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и Република Австрија ја официјализираа својата посветеност за справување со природните катастрофи и вонредните предизвици со потпишување Меморандум за соработка. Документот беше свечено потпишан во рамките на посетата на генералниот директор на австриската јавна безбедност и полиција, д-р Франц Руф, на Министерството за внатрешни работи и Бирото за јавна безбедност. Меморандумот го потпишаа заменик-директорот на ДЗС, м-р Кашмир Салиу, и д-р Франц Руф.

    Од ДЗС истакнуваат дека ова претставува чекор напред кон посилни институции и побезбедна иднина, овозможувајќи размена на искуства и експертски знаења во превенцијата, заеднички обуки и вежби за унапредување на оперативните капацитети, како и побрз одговор при кризи.

    – Тоа е чекор напред кон посилни институции и побезбедна иднина при што за Македонија тоа значи размена на искуства, заеднички обуки и вежби и побрз одговор при кризи – се наведува во соопштението.

    Од институцијата потсетуваат дека Австрија е докажан партнер кој даде огромна поддршка при справувањето со големите пожари во Малешевскиот регион и трагичниот пожар во Кочани, а новиот Меморандум ќе биде основа за долгорочни резултати.

    Прочитај повеќе

    BALFIN Group и Flying Tiger Copenhagen го прошируваат партнерството на три пазари во ЕУ

    13.10.2026 во 14:42

    МНР го повика бугарскиот амбасадор Радуков поради случајот со Ива Михајлова

    13.10.2026 во 14:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.