Припадници на Министерството за внатрешни работи во Ваљево го уапсиле 64-годишниот П. В. под сомнение дека ја усмртил својата 93-годишна мајка С. В., пренесе „Телеграф.рс“.
Според неофицијални информации, грозоморното злосторство се случило вчера околу 10 часот наутро во семејната куќа. Осомничениот најпрвин ја удрил старицата неколку пати во главата со чекан, а додека таа сè уште покажувала знаци на живот, наводно ја избодел во вратот.
По нападот, тој ладнокрвно го заклучил семејниот дом, пеш отишол до полициската станица и го пријавил убиството.
На осомничениот, во соработка со Вишото јавно обвинителство, му е одредена мерка притвор до 48 часа, по што ќе биде приведен во надлежното обвинителство со соодветна кривична пријава.

