Close Menu
Press24
    Најново

    Полицаец Албанец ги тепал двете момчиња – МВР ќе бара одговорност и најстроги санкции

    10.10.2026 во 12:52

    Мицкоски: Ќе ја продолжиме кризната енергетска состојба за уште шест месеци

    10.10.2026 во 12:50

    Земете пример од нив: Ова се навиките на луѓето кои никогаш не се разболуваат

    09.10.2026 во 23:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ: 85 години борба против фашизмот! Да не ни се повтори Ванчо Михајлов
    • ВМРО-ДПМНЕ: 11 Октомври нека биде потсетник за храброста на борците од НОБ и наша обврска да ги чуваме нивните идеали
    • Трамп ја назначи Кејти Закарија за нова портпаролка на Белата куќа
    • Венецуела даде зелено светло за „Старлинк“ на Илон Маск
    • Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец
    • Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска
    • Штипјанец со метална шипка нападнал сограѓанин
    • Баба од Аеродром пријавила дека синот ја тепал
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: 85 години борба против фашизмот! Да не ни се повтори Ванчо Михајлов

    СДСМ: 85 години борба против фашизмот! Да не ни се повтори Ванчо Михајлов

    11.10.2026 во 10:132 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp


    Опозициската СДСМ го честита 11 Октомври, Денот на почетокот на антифашистичката борба. 

    -Пред 85 години партизаните излегоа за слободна држава. За слобода. За достоинство на човекот. Против фашизмот! Не за поделба. Не за понижување на народот. Не за да го викаат талог, мочуриште, медиокритети, глодари. Тој речник не е од 11 Октомври и вредносите на НОБ. Тој речник е од друга традиција. СДСМ ја памети својата, секогаш на вистинската страна на историјата. Антифашизмот не е споменик туку обврска. Обврска да се живее во мир и слога, не во закани и раздор. Обврска законот да важи за сите, не само за оние што немаат кабинет. Обврска зборот да биде слободен, а медиумот да не биде во мрак, велат од СДСМ.

    Според партијата, обврска државата да работи за себе, не за интерес на друга земја.

    -Иднината е во Европа. Во подобар стандард. Во плата од која се живее достоинствено и добро. Во пензија што не се крои секој месец. Во чиста и здрава вода. Во млади што остануваат дома, не затоа што им е речено да бидат патриоти, туку затоа што имаат работа, дом и иднина. Патриотизам е како се живее денес и што им се остава на децата утре. Да не мораат да земаат бугарски пасоши. Да не мораат да глумат патриоти заради личен интерес, туку вистински да ја сакаат и да ја почитуваат својата татковина. Лажниот патриотизам не смее да биде пат кон власт, се вели во честитката.

    Оттаму велат дека Македонија не е депонија за туѓ проект.

    -Не е рудник за туѓа муниција. Не е хардвер за туѓа дигитализација. Не е ходник за туѓа агенда. Не е каса за провизија. Македонија е заедничка татковина. Се работи за сопствената татковина, се живее со соседите. Доколку е потребно и се преговара, не се провоцира. Предците се бореа да имаме држава. Денешната генерација има битка за иднината. Битка против корупцијата и криминалот, за подобар живот, повисоки плати. Битка за слобода на говор и медиуми. Битка за нормален и достоинствен живот. Битка да живее чесниот свет, не банда. Заедничка битка за Европа. СДСМ е наследник на таа борба. Со демократски средства. Со вистина. Со глас на народот. Државата ќе ја вратиме во служба на народот. Иднината не е во поделбите. Иднината е во Европа, во правда и во слобода, велат од СДСМ во честитката.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

    10.10.2026 во 15:09

    ВМРО-ДПМНЕ: Мастер-планот на Филипче е пак да ѝ се умилкува на Бугарија за така да дојде на власт

    10.10.2026 во 10:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.