Градските цвеќарници повторно ќе бидат вратени во функција, најави скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски.
Станува збор за цвеќарниците на ЈП „Паркови и зеленило“ -„Роза“ на булевар „Илинден“, наспроти фонтаната „Лотос“ и цвеќарницата кај Министерството за економија.
-По долгогодишна запуштеност и пропаѓање, овие простори повторно ќе добијат живот. Веќе течат активностите за нивна темелна реконструкција, за повторно да станат уредни, пријатни и достапни катчиња за сите граѓани. Цвеќето и услугите ќе бидат понудени по максимално пристапни и фер цени, затоа што убавиот гест треба да биде достапен за секого. Секој обновен простор е уште еден зачуван дел од нашиот град, вели Ѓорѓиевски.

