„Вчера во 20:40 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека на локален пат од село Црничани кон Нов Дојран, патничко возило „хјундаи“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од А.Ж. (21) од Гевгелија, излетало надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот А.Ж. и сопатникот А.Г. (18) од Гевгелија, констатирани во Медицински центар Гевгелија“, соопштуваат од МВР.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.

